Како да се адаптирате на позитивните, а како на негативните промени во вашиот живот?

Како да се адаптирате на позитивните, а како на негативните промени во вашиот живот?

Нештата постојано се менуваат. Ја губиме работата, ги губиме пријателите, запознаваме нови. Луѓето добиваат унапредувања, паровите решаваат да ги овековечат своите врски и да стапат во брак, бебиња се раѓаат… Со тек на време заклучуваме дека позитивните промени се исто толку тешки за да се адаптираме на нив како и негативните. Во тој контекст, во продолжение прочитајте ги следниве неколку совети за тоа како да се прилагодите на промените, и на добрите и на лошите, за да можете да правите подобри одлуки и животни избори.

Како да се адаптирате на позитивните и негативните промени во вашиот живот?

1. Кога добрите промени се појавуваат, прифатете ги со грациозност. Можеби мислите дека понекогаш не ги заслужувате или можеби не сте подготвени за нив, но единствениот начин да продолжите напред и да го извадите максимумот од нив е да ја прифатите позитивноста, независно од тоа како таа се појавила во вашиот живот.

2. Кога на повидок се негативни промени, доколку е тоа е возможно, почнете да барате алтернативи пред тие да се случат. На пример, ако сте свесни дека компанијата во која работите поминува низ еден попроблематичен период и слушате работи кои ве прават несигурни, наместо да чекате да ве отпуштат, започнете да барате нова работа. Дури и ако вашата позиција моментално не е променета, ќе стекнете едно вредно искуство, па дури можеби и подобро работно место.

3. Промената е константна, па често не ги забележуваме оние мали или очекувани промени. Вашите несигурност и чувство на неспособност доаѓаат до израз во оние моменти кога се соочувате со нешто што ве изненадило. Трикот е да знаете дека и тоа е само една од многуте секојдневни промени кои се случуваат во вашиот живот, добри и не толку добри, па правете го тоа што секогаш го правите и прифатете ги.

4. Најтешко е да се адаптирате на емоционалните промени. На пример, кога сте повредени или кога вашето срце е скршено, прифаќањето не е секогаш лесен избор. Во тие моменти, вие немате ниту сила ниту разбирање за да бидете објективни. Но, треба да се обидете да ги процесирате своите чувства и тоа бара малку повеќе време. Фокусирајте се на ситуацијата и дозволете ѝ на рационалноста да ги преземе работите во свои раце.

5. Кога ќе развиете чувства за некој друг, изгледа како сѐ да се променило. Генерално, луѓето кои се заљубуваат гледаат поинаку на животот и им е многу полесно да се водат по своите чувства и да ги игнорираат актуелните настани кои се случуваат околу нив. Грижете се за секојдневието и обидете се да не ги занемарувате сите работи, бидејќи некои од нив можат да бидат важни за вас и вашиот живот, додека истовремено уживате во искуствата кои доаѓаат кога сте заљубени.

6. Бидете одговорни со начинот на кој се соочувате со промените. Според психологот, д-р Алберт Елис, најдобрите години од вашиот живот се оние во кои ќе одлучите дека вашите проблеми се само ваши. Нема да ја обвинувате вашата мајка за нив, или екологијата или претседателот. Ќе сфатите дека вие самите ја контролирате својата судбина.

7. Ако промените во вашиот живот се премногу за вас, запомнете дека не мора сами да се соочувате со нив. Пријателите, семејството, групите за поддршка и консултантите се тука да ви помогнат. Сѐ што треба да направите е да побарате помош. Љубовта на оние кои се грижат за вас е посилна од која било промена.

8. Доколку ги мразите промените, тогаш ќе треба да научите барем како да ги толерирате кога ќе се случат. Не постои закон кој ве обврзува да го сакате тоа што се случува, но мора да се обидете да пронајдете начин како да ги поднесете промените, бидејќи тие се неминовни и секогаш ќе се случуваат, независно дали вие го сакате тоа или не.

9. Животот може да биде тежок за навигација, особено во модерното, брзо општество. Работите се менуваат толку брзо, што додека да ја отворите кутијата од новиот мобилен телефон, тој веќе излегол од мода и станал постар модел. Учењето да се соочите со промените кои се случуваат околу вас е одлична алатка за преживување. Прифатете го текот на настаните, бидејќи тоа е најудобниот начин да се соочите и прилагодите на иднината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар