Како да сакате некој што премногу размислува?

Како да сакате некој што премногу размислува?

Кога сакате некој што претерано размислува, вие сакате некој чиј ум си игра со него. Сакате некој што не може да си помогне. Некој што не може да си го намали интензитетот на мислите.

kako-da-sakate-lichnost-koja-premnogu-razmisluva-kafepauza.mk

Некој што претерано размислува постојано има прашања. Тие цело време ќе разгледуваат различни работи и постојано ќе бидат опседнати со прашања.

Треба да бидете со самодоверба и да сакате да споделувате работи

Ако сте во врска со вакви личности, треба секогаш да бидете еден чекор пред нив. Никогаш не треба да им дозволите сомнежите и омразата што ја чувствуваат кон себе, да ги обземат. Треба навистина да им помогнете, наместо само да им зборувате. Бидете сочувствителни. Обидете се да разберете зошто ви поставуваат прашања за минатата ноќ. Разберете зошто ненадејно чувствуваат страв. Разберете дека имаат моменти кога мислат дека сè е ужасно, додека вам сè ви е во ред.

Тие не можат да го сменат својот мозок

Треба да покажете емпатија. Покажете им дека нема да ги судите кога по стоти пат ве прашуваат дали ги сакате. Покажете им дека нема да си заминете и дека нема потреба да се плашат. Покажете им дека ги сакате без разлика колку пати повторуваат дека се грижат. Комуницирајте. Не само да им одговарате со една порака или со еден збор. Секогаш кажувајте како се чувствувате. Луѓето кои премногу размислуваат ќе се обидат да најдат значење во сè што кажувате, па најдобро е да бидете искрени.

Понекогаш треба да ги смирувате

Овие луѓе секогаш анализираат ситуации, но и луѓе. Бидете подготвени да имате одговор на секое прашање. Да љубите ваква личност може да биде вистински предизвик, но нели секоја врска е предизвик? Бидете свои и дајте им до знаење колку ги сакате. Понекогаш можеби ќе ве полудуваат, но тие ќе ви бидат верни и лојални до крајот.

Тие ќе ве сакаат без разлика колку сте чудни и колку товар имате на себе. Тие ќе ве сакаат не само затоа што се справувате со нив, туку и поради тоа што ги сакате и покрај тоа што многу често ве полудуваат.

Погледнете ги и знаците кои ќе ви покажат дека сте во врска со личност која премногу размислува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар