Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

Ручекот е најглавниот оброк во денот кога се претпоставува дека целото семејство треба да е собрано и да ужива во оброкот. Но, некои од нас за време на ручекот не се дома заради работни или други обврски. Тогаш јадеме во ресторани и најчесто, не водиме грижа за тоа колку ќе изедеме. Разни студии покажале дека оние луѓе кои почесто јадат надвор во ресторани, внесуваат повеќе маснотии, сол и калории во организмот. Па така, ако не бидете внимателни со тоа што ќе го нарачете за јадење, таа невнимателност ќе резултира со пополнување на вашата половина.

Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

Со овие неколку совети ќе научите како оброците што ги нарачувате може да бидат еднакво здрави како и домашно зготвената храна.

1. Немојте да сте изгладнети

Ако не појадувате или не земете некоја здрава ужина во времето до ручекот, тоа може да резултира со прејадување во ресторанот. Вие ќе бидете гладни и ќе сакате да нарачате сѐ што ќе ви изгледа примамливо од менито. Затоа, пред да ручате во ресторан, каснете некое овошје, бадеми, ореви или некој крекер.

2. Не посегајте по лебот

Многу ресторани служат парчиња леб или фурнаринки во кошница и го даваат заедно со салата или некое макало. Замолете го келнерот да го тргне од масата (освен ако некој колега не сака да го јаде, па понудете му го нему). Така, нема да паднете во искушение и трпеливо ќе чекате да пристигне нарачаното. Побарајте чаша вода и пијте сѐ додека не ви стигне главниот оброк.

Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

3. Внимателно разгледајте го менито

Кога келнерот ќе ви го донесе менито, не брзајте веднаш да му кажете што ќе нарачате. Прочитајте го секое јадење кое ви звучи примамливо, и најважно–прочитајте го начинот на кој се подготвува (дали се пржи, пече, вари…). Скенирајте ги оние оброци кои се подготвени на скара, на пареа, јадења кои се поширани, без тешки сосови. Секогаш има здрави опции во менито. Избегнете ги оние кои се пржени, сотирани или јадења на база на путер или млеко.

4. Прашувајте

Не се плашете да прашате како некое јадење е подготвено или да му кажете на келнерот како главниот готвач да ви го подготви јадењето кое сакате да го нарачате. На пример, наместо пржено пилешко, да биде динстано. Исто така, сосовите кои ќе ги нарачате консумирајте ги во многу мали количини, за да го почувствувате вистинскиот вкус на јадењето.

5. Изберете помали порции

Речиси во сите ресторани има мала, средна, голема и екстра голема порција (или фамилијарна). Разумни порции се малата и средната порција. Ако нарачате голема порција, не мора да изедете сѐ од неа. Побарајте да ви го спакуваат остатокот за дома. Така ќе имате еден вид самоконтрола за тоа колку јадете количински. Друг трик е наместо од одделот за главни оброци, да нарачате од одделот за предјадења. Така, ќе може да нарачате и салата или зеленчук настрана.

Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

6. Бидете отворени за различни кујни

Не знаете што да нарачате ако сте во Кинески, Мексикански, Јапонски ресторан? Сите кујни имаат пржени јадења или јадења кои содржат многу калории. Еве како вашиот избор да биде поздрав:

  • Кинески ресторан: Нарачајте сѐ што е готвено на пареа, зеленчуци, тофу, риба, пилешко со сос настрана.
  • Француски ресторан: Месо или морски плодови на брускети или на скара.
  • Индиски ресторан: Пилешко или морска храна, леќа, јадења со кари и басмати ориз.
  • Италијански ресторан: Паста примавера, мариниран мускул, шпагети со доматен сос, морски плодови на скара, пица со тенко тесто.
  • Јапонски ресторан: Суши, шашими, теријаки, јакитори, мисо супа.

Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

7. Не нарачувајте мезе

Ако нарачате разни мали мезиња заедно со главниот оброк, тоа ќе доведе несвесно да изедете повеќе одошто е потребно. Запомнете: На мозокот му се потребни 20 минути да добие сигнали за ситост, велат експертите. Затоа, не брзајте додека јадете – јадете полека и мирно.

8. Не нарачувајте десерт веднаш

Прво изедете го главното јадење, па дури потоа, размислувајте да нарачате десерт. Не се знае, може ќе бидете најадени и нема да сакате да јадете повеќе. Ако веќе нарачате, поделете го со колегата или пријателот. Така ќе заштедите и калории и пари.

Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар