Како да разликувате домашни од увозни јагоди и зошто ова овошје е толку добро за вашето здравје?
Мај е дефинитивно месецот на јагодите! Но, дали сте забележале дека во последно време тие немаат ниту мирис, ниту вкус? Сигурно првата помисла во тие моменти ви е од каде дошле овие јагоди и дали има барем нешто природно во нив… Сигурно помислувате и на сите оние текстови што сте ги прочитале за ГМО, па дури се мислите и воопшто да не ги јадете. Па, како да ги препознаете домашните јагоди?
Најпрво, дури и оние јагоди што се произведени кај нас се третирани со пестициди за да се заштитат од несаканите штетници. Од ова едноставно не може да се избега. Но, и покрај сè, домашните јагоди сè уште имаат интензивен, препознатлив мирис и се многу послатки и посочни од увозните. Тие исто така имаат и посилен вкус. Да не почнеме воопшто да зборуваме за фактот што се многу поздрави за вас, бидејќи се многу поприродни.
Домашните јагоди можете да ги препознаете според бојата и големината – кога се природно одгледувани, тие имаат различни бои и форми (дефинитивно не се сите исти, како да излегле од калапи!) и побрзо скапуваат бидејќи се прскани со помал број пестициди. Исто така стебленцето им е бледо зелено, затоа што се тазе набрани и полни се со ситни семки.
Сепак најдобро е да се распрашате дали некој во вашата околина одгледува за себе или да купувате органски јагоди од мали произведувачи. Овој избор е малку поскап, но без сомнение вреди за вашето здравје.
Зошто треба да јадете јагоди?
Ова овошје изобилува со витамин Ц и антиоксиданси. Но, имајте на ум дека треба да го изедете веднаш по берењето доколку сакате да ги добиете сите негови хранливи состојки. Колку подолго стои во фрижидер, толку повеќе се губат неговите здрави карактеристики. Во продолжение следуваат и четирите најдобри причини зошто јагодите се одлични за вашето здравје!
1. Лек за сè – јагодите се богати со калциум, магнезиум и витамин Ц. Тие се одлични за лечење проблеми со дигестивниот систем, воспаление на грлото, егземи и настинки. Поседуваат дури и аналгетски својства, па ги ублажуваат главоболките.
2. Забрзување на метаболизмот – тие се богати со противвоспалителни и противканцеротени состојки бидејќи содржат многу антиоксиданси, полифеноли, фитонатриени и хранливи влакна. И не само што го забрзуваат вашиот метаболизам, туку истовремено можат да бидат и од голема помош за вашето срце.
3. Штитење од ултравиолетови зраци – екстрактот од јагоди штити од штетното УВ-зрачење, ја зголемува отпорноста и го намалува оштетувањето на вашата ДНК.
4. Закуска со малку калории – Ова овошје содржи малку калории, па затоа и го олеснува слабеењето, штити од болести на срцето, го намалува холестеролот и го подобрува помнењето.
Обожавате јагоди? Прочитајте ги и овие 9 причини зошто ова овошје е одлично за вашето здравје!
Пред да напишете каква било статија, најпрво треба да се провери дали информациите кои се споделуваат со јавноста се точни, а не само да се пишува сешто. Прво, секое овошје одгледувано за продажба се третира со заштитни средства,второ не значи дека домашните се поздрави од увезените јагоди. Трето, зборот е увезени, а не увозни. И четврто, 100% органски производ во праксата не може да постои, особено не во Македонија. Повеќе едукација, а помалку пишување колку да се напише, особено од личност која во био пишала дека е со факултетска диплома и дека е автор.