Како да простите кога тоа ви изгледа невозможно?
Ганди верувал дека слабите не можат да простат, бидејќи за прошка се потребни сила и напор. Прошката може да биде навистина болна и заморна, дури повеќе и од самата рана. А најважниот тест обично се појавува не само кога им простуваме на другите, туку и кога си простуваме себеси. Ова не е лесна задача, но постојат неколку „алатки“ кои ќе ви помогнат да го сторите тоа. Па, како да научите да простувате, дури и кога ви изгледа невозможно?
1. Кога ќе почнете да се распаѓате, откријте зошто се држите до вината
Важно е да знаете кога обвинувате некого за нешто. Потребно е да бидете свесни за секој гнев, одбивност и вина што ја чувствувате и да се запрашете од каде потекнува. Штом ќе го направите тоа, прошката ќе стане многу полесна. Нема потреба да бидете во присуство на личноста на која сакате да ѝ простите. Ќе се изненадите од емоционалното олеснување штом ќе се одлучите да им простите на сите.
2. Ако сте предадени, пронајдете го вашиот среќен крај
Многумина имаат искуство со неверен партнер. Во овој случај важноста на простувањето не е толку за неверството, колку што е за вашиот мир. Кога станува збор за предавство, наместо да бидете гневни, помислете на сите луѓе кои ги знаете и кои имаат навистина добри врски. Опкружете се со овие позитивни мисли пред спиење за да направите промена во вашата потсвест. Замислете си како продолжувате понатаму. Почувствувајте како станувате полесни и како веќе не сакате да го носите тој непотребен товар.
3. Кога сте соочени со смрт на некој близок, простете си за сè што сте се каеле
Ова простување е за универзумот кој ви ја „зел“ саканата личност, но исто така е и простување за сите работи за кои сте се каеле. Многу е лесно да започнете циклус на тага и жалење, но не можете да останете таму засекогаш. Обично луѓето кои се соочиле со голема така или загуба во нивните животи се многу почувствителни и повеќе разбираат бидејќи тие се присилени да простуваат, особено да си простуваат себеси. Простувањето значи отстранување на моќта на некое однесување кое тоа ја има над вас. Тоа е надминување на негативниот период и дозволување да созреете. Нема потреба да го заборавите, да го одрекувате или да дозволите да ви биде товар. Простувањето не е нешто што го правите за личноста што ви згрешила, тоа е нешто што го правите за себе. Како и за многу нешта во животот, и простувањето се учи преку искуството, па затоа вежбајте го почесто.
Погледнете зошто е важно да си простите себеси за направените грешки.