Како да пронајдете сигурност во постојаноста?

Како да пронајдете сигурност во постојаноста?

Водени од големи амбиции, повеќето од нас постојано бркаат некоја цел во животот. Секогаш целиме кон нешто, секогаш сакаме да постигнеме нешто. Оваа трка е резултат на нашиот страв дека сè уште не сме го постигнале она што го сакаме. Ние сакаме да најдеме сигурност во постојаноста на нашиот живот. Па поради ова стануваме духовни трагачи. Ова се 19-те клучни работи кои ќе ви помогнат да најдете сигурност во постојаноста на животот.

kako-da-pronajdete-sigurnost-vo-postojanosta-kafepauza.mk

1. Првиот чекор од духовното трагање е просветлувањето, себе-спознавањето во светот на формите со надеж дека ќе ја пронајдеме постојаната среќа.

2. Ние бараме догма, учител, некое духовно искуство кое ќе ја прошири нашата свест. Ако не можеме да го најдеме овде, ние трагаме подалеку, на небото, во религијата и во верата.

3. Го користиме нашиот ум за духовното трагање. Нашето его го користи умот за да разбере што се наоѓа над умот и формите. На овој начин умот се подготвува за менталната слика на просветлување, трагање, среќа и слично.

4. Овие ментални слики нè мотивираат да правиме напор и да ги примениме во секојдневниот живот.

5. Но ова овозможува само моментално задоволство, па откако ќе постигнеме некоја цел, си поставуваме нова. Умот создава нови ментални слики, а трагањето почнува од почеток.

6. Тогаш ние повторно трагаме сè додека не се измориме од процесот и не ја откриеме неговата висинска природа.

7. Прекинуваме и го напуштаме духовното трагање. Сфаќаме дека сето она што сме го барале надвор од нас било внатре.

8. Ќе престанеме кога ќе ја препознаеме активноста на умот и кога ќе одбиеме да го следиме.

9. Сфаќаме дека ни со помош на умот не можеме да го надминеме умот.

10. Ќе сфатиме дека прекинувањето е неактивниот момент на умот, тишината помеѓу мислите. Токму во таа тишина ќе ја искусиме свеста без форми и ќе сфатиме дека ние сме присуството без мисли. Тогаш го напуштаме духовното трагање со целото собрано знаење и искуство.

11. Ова е почеток на внатрешното патување, над нашиот ум.

12. Штом ќе го започнеме патувањето, го оставаме светот зад нас и напуштаме сè што нè кочело. Се откажуваме од неважните работи со цел да се посветиме на оние кои навистина се важни.

13. Будењето е будење на свеста за нејзиното постоење преку формите кои сме ги идентификувале преку нас. После ова чистење не останува ништо освен празен простор.

14. Но, ако го набљудуваме тој простор ќе сфатиме дека е полн со свест, а ова е внатрешен мир, тишина и смиреност. Тогаш ќе сфатиме дека сме дома.

15. Оваа празнина е совршена, но потребен е уште еден чекор за целосно да се ослободиме.

16. Овој чекор ќе нè однесе на почетокот на нашето патување. Се враќаме во секојдневниот живот. Но, се враќаме во различна форма, бидејќи сме поминале низ драстични промени.

17. Умот, егото, а заедно со нив и себичноста, исчезнале од нас. Празнината пулсира со живот, а свеста останува со нас.

18. Повеќе не сакаме да бегаме и не пробуваме да се идентификуваме со светот. Сега сме слободни од сето тоа, а светот е само една нова авантура.

19. Стануваме едно со универзумот. Во меѓувреме им помагаме на другите да се разбудат и ја споделуваме радоста на постоењето со секој што ќе го сретнеме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар