Како да продолжите да се движите напред кога сакате да се откажете?
Постојат моменти кога едноставно сакате да се откажете од вашите цели. Но важно е да запомните дека понекогаш е потребно време за да стигнете онаму каде што сакате. Доколку бидете трпеливи, кога-тогаш вашиот сон ќе се оствари. Погледнете ги 5-те најчести причини поради кои посакувате да се откажете и како да се справите со нив.
1. Замор
Физичкиот замор има влијание врз вашите емоции и вашиот ум. Кога сте изморени немате волја да ги надминете предизвиците и не размислувате рационално.
Решение: Грижете се за вашето тело и одморете се. Многу луѓе се чувствуваат подобро после дремка, па обидете се да го правите тоа секој ден. Намалете го внесувањето на брза и нездрава храна. Доколку треба да ослабите, почнете да одите на фитнес. Имате само едно тело, па грижете се за него.
2. Обесхрабрување
Понекогаш ви изгледа како само да ви се трупаат проблеми, па сè што сакате е да се откажете. Многу полесно е да избегате од проблемите наместо да се соочите со нив.
Решение: Справете се со негативните емоции на здрав начин. Одете на прошетка, пишувајте во дневникот или најдете други позитивни решенија на проблемите. Бегањето од нив само ќе ги направи полоши.
3. Збунетост
Дали некогаш сте го изгубиле фокусот и не сте знаеле кон каде да се движите? Не сте сами. Секој знае како е да се биде парализиран од стресот во животот и да ја изгуби насоката.
Решение: Одново поврзете се со вашата цел и визија. Каде сакате да бидете за една, две или пет години? Размислете за долгорочните цели и нештата што треба да ги направите за нив.
4. Преплавеност
Понекогаш им обрнувате внимание на толку многу обврски, што на крај се чувствувате целоно преплавено.
Решение: Одредете ги вашите приоритети. Не можете да направите сè одеднаш. Понекогаш се чувствувате преплавено бидејќи ви е страв дека ќе ги разочарате другите кои го бараат вашето време. Мора да ги одбивате предлозите што не можете да ги направите. Ако не го контролирате вашето време, некој друг ќе го прави тоа место вас.
5. Жалење
Ако постојано размислувате за грешките од минатото, нема да можете да се фокусирате на иднината. Ова жалење ќе ви го одземе целото време и нема да можете да се движите напред.
Решение: Не размислувајте премногу за минатото, бидејќи не можете да го промените. Учете од вашите грешки и применете ги лекциите во сегашноста и иднината. Фокусирајте се на она што можете да го промените – самите себеси.
Добро е да ги запомнете и овие работи кога сакате да се откажете.