Како да престојувате во природа без да ѝ наштетите на животната средина
Денес се одбележува Денот на планетата Земја, па затоа одлучивме да ви споделиме еко совети за патување.
Планирање и подготовка
Ова може да се примени за секаков вид патување, но игра особена важност за време на престојот во природа. Камповите каде што го планирате одморот, снабдувањето со уреди за подготовка на храната и начинот на кој ја пакувате – сето ова може да влијае врз животната средина. Освен тоа, важно е и да бидете подготвени во случај на промена на временските услови.
Внимавајте каде кампувате
Пешачењето по влажни и калливи патеки може да доведе до ерозија, оштетување на флората и потенцијално влошување на пределот за идните планинари и велосипедисти. Наместо тоа, обидете се да се движите по карпести патеки.
Правилна грижа за отпадот
Кога одите во природа најдобро е да ги понесете со себе само работите кои ви се неопходни. На пример, понесете биоразградливи садови и сапун кој умерено ќе го користите. Покрај тоа, користете и минимум крема за сончање, онолку колку што е доволно за да ве заштити. Ако, пак, наидете на туѓо ѓубре, убав гест би бил, дури и ако не е ваше, да го соберете.
Оставете ја природата таква каква што е
Иако е примамливо да се собираат лисја и разноразни камчиња, сепак таквото влијание може да биде штетно за животната средина. На тој начин не само што се нарушува чувството за недопрена убавина кај следните посетители туку и се зголемува ризикот од ерозија и оштетување на камениот мов.
Почитувајте го дивиот свет
Одржувањето растојание од дивите животни е безбедно не само за вас туку и за нив. Покрај тоа, фотографирањето може да предизвика стрес за локалната фауна. Со други зборови, не вознемирувајте ги животните.
Откако ги прочитавте нашите совети за престојување во природа, можеби ќе сакате да прочитате и 30 интересни факти за планетата Земја што ќе ве остават без здив.
Извор: punkufer.dnevnik.hr