Како да престанете да си го уништувате сопствениот живот?
Не секогаш животот е убав и совршен бидејќи одвреме-навреме наидувате на одредени пречки и предизвици. Меѓутоа, понекогаш вие самите правите одредени работи кои можат лесно да ви го уништат животот. Прочитајте во продолжение за што конкретно станува збор.
1. Премногу се плашите од промени.
Еден од најлесните начини на кој можете да си го уништите животот е да им се спротивставите на промените. Повеќето од нас ќе се држат до вообичаениот начин на работа од 9 до 5 од страв дека ќе останат невработени или неуспешни. Имајте на ум дека успехот не се состои само во тоа да заработите пари и да живеете во голема куќа; успехот е да ја вршите вашата работа со страст. Ако секогаш се плашите да излезете од вашата комфорна зона, никогаш нема да можете да растете.
2. Избирате погрешни луѓе во вашиот живот.
Премногу сте возбудени поради врската која се одвива толку брзо, нели? Во денешно време, премногу лесно се вљубуваме и одљубуваме. Луѓето се заљубуваат кога им треба внимание од некого, кога им е здодевно, па така и вие: не ја барате вистинската љубов туку некој кој ќе ја пополни празнината во вашиот живот. Само кога ќе научите да се сакате себеси ќе можете да ја пронајдете вистинската љубов. Ќе бидете во состојба целосно да засакате друго човечко суштество само кога ќе се спознаете себеси и кога ќе ги прифатите вашите маани. Ако се плашите да се соочите со себе и да се сакате себеси, како можете да очекувате другите да го сторат истото?
3. Сè уште сте заглавени во минатото.
Лошите искуства се составен дел од сечиј живот, не можете да се движите низ животот без да добиете лузни. Можеби ќе ви биде тешко да ѝ верувате на личноста која навистина ве сака само затоа што некој во минатото ве изневерил и ви го скршил срцето правејќи да се чувствувате безвредно. Но, ова само ќе ве спречи да ги искусите добрите и чисти нешта во животот. Оставете го зад себе она што е кажано, почувствувано, направено и создадено. Единствениот начин на кој ќе бидете среќни во вашиот живот е да се фокусирате на сегашноста, наместо да жалите за минатото и да се грижите за иднината.
4. Постојано се споредувате со другите.
Ова е една од најлошите работи што можете да си ги направите и еден од главните фактори за уништувањето на вашиот живот. Вашиот пријател има навистина добро платена работа, среќно семејство и убава куќа. Што имате вие? Живот полн со неуспеси, скршено срце и работа со која не сте задоволни. Ако вака гледате на вашиот живот, тогаш не сте размислувале за луѓето кои се наоѓаат во уште полоша ситуација. Доколку сакате да живеете среќен живот треба да бидете благодарни за сите работи што ги имате, наместо да се фокусирате на она што не го имате.
5. Им дозволувате на други луѓе да го контролираат вашиот живот.
Кога ја препуштате контролата на вашиот живот во рацете на некој друг, ја испраќате пораката дека немате доверба во себе и повеќе би сакале некој друг да ги носи сите важни одлуки наместо вас. Имајте доверба во себе и запомнете дека вие најдобро се познавате себеси, затоа само вие самите треба да ги донесете одлуките. Живејте го животот онака како што вие знаете и умеете и не дозволувајте им на другите да ви кажуваат што треба и што не треба да правите.
Откако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин можете да ги цените и да уживате во малите нешта во животот.
Извор: themindsjournal.com