Како да престанете да се стремите кон совршенството?
Чинот на откажување од совршенството може да биде пропратен со тешкотии и предизвици, но не и невозможен. Понекогаш, една од најдобрите работи што можете да ги направите за себе е да се откажете од совршенството, а еве на кои начини можете да го направите тоа.
1. Станете свесни дека потребата за совршенство полека се претвора во проблем
Веројатно сте постанале перфекционист во процесот на емотивно преживување, растење и нашредување. Сепак, без разлика на причината, оваа особина се претворила и во некаков штит преку кој се држите на дистанца од другите. Затоа, неопходно е навремено да го препознаете проблемот и полека да работите на негово решавање.
2. Постепено работете на промените
Вашиот страв од промена може да стане толку значаен што самите ќе почнете да си поставувате бариери, од типот: „Нема да успее ако не го сторам тоа“. Затоа, најдобро е полека да почнете со промените.
3. Соочете се со строгите правила кои ги следите
Најверојатно досега сфативте дека овие правила навистина не помагаат и згора на тоа негативно влијаат врз вашата благосостојба. Запрашајте се себеси дали правилата го ограничуваат вашето автентично „јас“ да излезе на површина, од типот: „Никогаш не можам да покажам лутина“, или „Не можам да прекинам додека работата не е готова“.
4. Не игнорирајте ги потиснатите емоции
Како перфекционисти, сигурно вложувате голем труд да ги избегнувате „неуредните емоции“. Но, не заборавајте дека емоциите нема да исчезнат со тоа што ќе продолжите да ги игнорирате. Тие ќе демнат во позадина и кога-тогаш ќе влијаат врз вашите постапки.
Откако прочитавте како да ја надминете идејата за совршенство, можеби ќе сакате да прочитате и дека треба да живеете онака како што сакате, а не да се стремите кон совршенство.
Извор: themindsjournal.com