Како да престанете да се саботирате и да го надминете стравот од нова врска?
За да се ослободите од стравот и негативните мисли, потребно е да промените неколку навики. Дозволете му на партнерот да ве запознае и немојте да ја саботирате вашата врска со негативните мисли. Погледнете кои се промените што треба да ги направите.
1. Немојте да ги криете вашите потреби
Немојте да се плашите да ги кажете вашите потреби и очекувања. Доколку партнерот не покажува иницијатива да ги исполни вашите желби, тогаш можеби не е за вас. Се разбира, прво треба да му дадете шанса. Не треба само вие да ги задоволувате потребите на партнерот. Врската е заеднички однос и двајцата партнери треба да уживаат во неа. Немојте да си забранувате да бидете нечиј приоритет.
2. Немојте да се оддалечувате
Сте биле повредени и сосема нормално е да сакате да бидете внимателни. Но, новата врска никогаш нема да напредува доколку постојано сте оддалечени од партнерот. Дозволете му да ви се приближи и вистински да ве запознае.
3. Станете тим
Вашиот партнер ќе биде вашата поддршка, но само доколку му дозволите. Па, научете да го слушате, да ги кажувате вистинските зборови во вистинско време и да му бидете засолниште. Вие сте тим што работи заедно и мора да работите на исполнување на заедничките желби.
4. Немојте да бегате од проблемите
Емотивните односи воопшто не се едноставни. Секогаш постои можност да се појави конфликт и кога ќе се појави треба да го решите, а не да бегате од него. Преку овие конфликти ќе научите да го слушате партнерот и да наоѓате заеднички решенија. Со самото ова го градите и вашиот однос.
Погледнете и кои се стравовите од кои треба да се ослободите пред да се венчате со љубовта на вашиот живот.