Како да престанете да ги триете забите навечер?

Како да престанете да ги триете забите навечер?

Дали се прашувате зошто се будите со болки во вилицата и главата? Големи се шансите причината да е триење на забите во текот на сонот. Ова нарушување познато како бруксизам неодамна беше поврзано и со друго нарушување – апнеја, односно прекин на дишењето во текот на сонот. Овие совети ќе ви помогнат подобро да се наспиете и да го зачувате здравјето на вашите заби.

Бруксизам

Како да престанете да ги триете забите навечер?

Од 8% до 31% од населението страда од ова нарушување. Постојат два вида бруксизам – ноќно и будно. Причините за нарушувањето можат да бидат разни. Психолошки и генетски фактори, лоша позиција на забите и одредени лекови можат да предизвикаат триење на забите. За жал со нарушувањето доаѓаат низа проблеми – забите можат да станат почувствителни и да се истрошат, болки во вилицата, како и главоболки. Поради ова е навистина важно да се справите со проблемот навреме.

1. Избегнувајте кофеин и алкохол

Како да престанете да ги триете забите навечер?

Наједноставното нешто што можете да го направите е да го промените начинот на исхрана. Кофеинот е познат стимулант што го користат сите. Но обидете се да намалите со консумирањето кафе, Кока-кола и енергетски пијалаци што содржат многу кофеин. Ако ги пиете често во текот на денот, навечер ви е потешко да се релаксирате. Истото важи и за алкохолот кој предизвикува различна реакција. Алкохолот ќе ви помогне да заспиете побрзо, но вашиот сон нема да биде цврст. Како резултат на ова триењето на забите само се влошува.

2. Намалете го стресот

Како да престанете да ги триете забите навечер?

Стресот е навистина честа причина за бруксизмот. Тој ве прави нервозни во текот на денот и немирни во текот на ноќта. Размислете што ви предизвикува стрес во животот, а потоа направете план за како да се ослободите од тоа. Можете да пробате и разни активности за намалување на стресот – терапија, вежбање или медитација. Исто така можете да го средите и распоредот за спиење и секоја вечер да си легнувате во исто време.

3. Престанете да џвакате нешта што не се храна

Како да престанете да ги триете забите навечер?

Ова е навика што многумина ја имале како деца, но некои возрасни не се откажале од неа. Со џвакањето моливи, пенкала или што било што не е храна внесувате многу бактерии во устата. Оваа навика е директно поврзана со триењето на забите, а неконтролираното џвакање е резултат од стрес. Ако не можете да престанете, обидете се да го измамите вашиот мозок. Подобро џвакајте гума за џвакање или некоја мала ужина.

4. Внесувајте калциум и магнезиум

Како да престанете да ги триете забите навечер?

Триењето на забите може да значи и дека ви недостасуваат некои суплементи. Најдобро е да направите тест и да откриете дали тоа е точно. Немојте самите да си препишувате витамини и додатоци во исхраната. Ако калциумот и магнезиумот се на ниско ниво, почнете да ги земате. Овие елементи се важни за функцијата на мускулите и здравјето на нервниот систем.

5. Обрнете внимание на стискањето на забите

Како да престанете да ги триете забите навечер?

Обрнете внимание како се однесуваат вашите заби и вилица во текот на денот. Ќе сфатите дека тие си имаат посебен живот. Несвесното стискање на забите често се случува кога размислувате или кога сте фокусирани на некоја задача. Можеби не забележувате но вашата вилица е напната и ги стискате забие. Опуштете ја вилицата и размрдајте ја на двете страни.

6. Правилна релаксација пред спиење

Како да престанете да ги триете забите навечер?

Ако триењето на забие се појавува навечер, првото нешто што треба да го направите е правилното релаксирање пред спиење. Колку посмирени сте, толку се помали шансите да ги триете забите. Како и со намалувањето на стресот, и во овој случај функционираат разни работи за разни луѓе. Обидете се да се напиете чај за опуштање, како на пример од камилица. Масирајте ги вратот, рамената и лицето. Ова сигурно ќе ви помогне да се релаксирате.

7. Набавете штитник за уста

Како да престанете да ги триете забите навечер?

Ако не можете самите да се справите со проблемот, веднаш посетете лекар. Ако редовно посетувате заболекар тој ќе го забележи проблемот на вашите заби и ќе ве советува што да преземете. Најчесто се препорачува да носите штитник за уста во текот на ноќта за да го спречите триењето.

За разлика од косата, вашите заби нема повторно д пораснат. Грижата за оралното здравје е од голема важност.

Погледнете и кои се неочекуваните причини за болка во забите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар