Како да препознаете нездрава љубовна врска?
Кога веќе некое време сте во врска со вашиот партнер кој тврди дека е заљубен во вас, понекогаш може да биде многу тешко да се забележи дали тој/таа ве сака на здрав начин. Погледнете ги наредниве 6 клучни разлики помеѓу здравата и нездравата љубовна врска.
1. Давање без очекување ништо за возврат наспроти давање за да се добие. Вистинската љубов се темели на желбата да му се овозможи на партнерот нешто коешто му е потребно, без да се очекува ништо за возврат. Вие едноставно си верувате доволно дека ќе се грижите еден за друг во секое време. Доколку сметате дека вашата љубов има цена и дека давањето е единствениот начин за да добиете нешто назад, можеби би требало посериозно да размислите за вас и вашите очекувања од таа љубовна врска.
2. Меѓусебното познавање наспроти менување на другиот. Луѓето во здрава љубовна врска се обидуваат да откријат што е можно повеќе за својот партнер и го почитуваат онаков каков што навистина е. Од друга страна, доколку имате потреба да го менувате вашиот партнер за да биде онаков каков што вие сакате да биде, тоа значи дека не се грижите за него и дека можеби тој не е добар избор за вас.
3. Приватност наспроти изложеност. Здравата љубов создава области во врската кои се приватни, каде што никој друг не влегува. Вистинската љубов го заштитува времето кое вие двајца го делите, вашето знаење еден за друг како и уникатните нешта кои ги споделувате меѓу себе. Но, доколку чувствувате дека немате никаква приватност во вашата врска, дека вашите слабости стануваат мета на исмејување, или пак дека деталите од вашиот сексуален живот се споделуваат со секој кој е подготвен да слуша, тогаш станува збор за нездрава љубовна врска.
4. Поправање наспроти одмазда. Доколку вие и вашиот партнер навистина се сакате, караниците меѓу вас стануваат начин на кој ќе учите нешто повеќе еден за друг. Вие многу лесно ќе забележите вистински за решавање на конфликтот преку сослушување и искрено искажување на вашите чувства. Нездравата љубов е одмаздничка каде што секој ваш аргумент станува можност за одмазда. Ќе забележите дека вашите караници создаваат обвинувања, одбивања и принудување.
5. Заеднички цели наспроти себичност. Вистинската љубов сместува еден пар во заеднички животен простор каде што се создаваат заеднички цели кои подеднакво им помагаат и на двајцата. Вашиот партнер треба да сака вашите надежи и соништа да станат вистина. Од друга страна пак, нездравата љубов зема сѐ за себе и ништо не дава. Таа бара од вас да ги жртвувате вашите соништа и никогаш да не ги остварите. Се грижи за своите интереси и за ничии други.
6. Желба наспроти вина. Здравата љубовна врска создава желба за грижење за потребите на вашиот партнер. Вие сакате оваа личност да биде во вашиот живот и затоа се грижите за неговите/нејзините потреби и желби. Во нездравата љубовна врска партнерите користат вина за да го добијат она што го сакаат. Вашиот партнер ги искористува вашите грешки против вас и ве споредува со другите за да се чувствувате лошо, а потоа ви кажува дека ако го направите она што тој/таа ви кажува тогаш можеби ќе ви прости. Во овие случаи вие не давате затоа што сакате, туку затоа што морате.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.