Како да подготвите совршено крцкава пржена сланина?
Кога е добро подготвена, пржената сланина е едно од највкусните нешта кои постојат. Но, кога таа не е добро подготвена, навистина може да ве разочара. Предизвикот е да ја направите крцкава без притоа да ја изгорите. Ова знае да биде комплицирано со оглед на тоа што на мрсниот дел од сланината му е потребно малку повеќе време за подготовка отколку на останатиот дел, па многу лесно може да дојде до горење.
Токму затоа овој готвач од „America’s Test Kitchen“ решил да го сподели својот метод со кој секој пат совршено ја подготвува пржената сланина. Сигурни сме дека откако ќе го изгледате ова видео, веднаш ќе истрчате до маркет, ќе купите неколку парчиња сланина и ќе се обидете да го примените овој метод. Верувајте, нема да зажалите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.