Како да почнете да јадете свесно?

Како да почнете да јадете свесно?

Свесното јадење може да ви помогне да го спречите прејадувањето, да ја изгубите несаканата тежина, да се справите со нарушувањата во исхраната, па дури и да ги подобрите симптомите на дијабетес тип 2.

kako-da-pochnete-da-jadete-svesno-kafepauza.mk

Што претставува свесното јадење?

Свесното јадење е како медитација за време на оброкот. Иако звучи чудно, можете да го совладате за многу кратко време. Исто како и кај медитацијата, потребно е да јадете на тивко место, да се фокусирате на вашето дишење и да се ослободите од негативните мисли. Ќе станете свесни за храната која ја јадете и за чувствата во вашето тело.

Како да јадете свесно?

1. Одвојте време за јадење

Обично јадењето го придружуваме и со некоја друга активност како гледање телевизија, разговарање, читање и слично. За да јадете свесно треба да му се посветите само на оброкот. Најдобро е да јадете на место кое е тивко.

2. Набљудувајте

Многу често не го ни чувствуваме вкусот на храната која ја јадеме бидејќи целиот процес се одвива речиси несвесно. Набљудувајте ја вашата храна, забележете ја нејзината арома, боите, изгледот… Важно е да знаете што ќе консумирате.

3. Искажете благодарност

Кога ќе се заблагодарите за вашата храна, тоа ќе има позитивен ефект на вас. Заблагодарете им се на луѓето кои ви ја подготвиле храната, заблагодарете му се на универзумот, заблагодарете се на она во коешто верувате.

4. Чувствувајте

Кога ќе почнете со јадење забележете како се чувствувате. Дали сте среќни, возбудени, гладни и слично. Кога ги набљудувате вашите чувства ќе ви биде многу полесно да бидете присутни во сегашниот момент.

5. Вкусувајте

Забележете го вкусот и текстурата на храната. Уживајте во секој залак и добро џвакајте.

6. Забележете ги вашите емоции

Забележете дали уште сте гладни, дали сакате десерт, дали ви се допаѓа оброкот. Забележете како реагира вашето тело на храната која ја консумирате.

Придобивки од свесното јадењето

Овие придобивки ќе ги почувствувате дури и ако го практикувате свесното јадење само 10-тина минути на ден.

  • Храната ќе има подобар вкус бидејќи ќе забележувате работи кои сте ги испуштале.
  • Ќе го намалите ризикот од зголемување на тежината бидејќи нема несвесно да се прејадувате.
  • Ќе бидете смирени и опуштени.
  • Ова ќе ви биде како мал одмор од напорниот ден.
  • Постепено ќе почнете да сакате да јадете поздрава и полесна храна.
  • Подобро ќе знаете што е добро за вашето тело и кои работи ви се навистина потребни.

Дали сте слушнале за техниката „јадење сонце“?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар