Како да патувате со стил?

Како да патувате со стил?

Одморите се наближуваат, а тоа значи дека треба да се подготвите за нови и незаборавни патувања. Она што многумина ги мачи е како да го задржат сопствениот стил и удобноста за време на самото патување, без многу напор. Па доколку се пронајдовте во описот, препорачливо е да ги прочитате следните совети за фенси изглед на долги дестинации!

Како да патувате со стил?

Нанесете едноставна шминка и хидратантен крем

Најдобро е да одбегнувате тешки пудри и да се држите до хидратантните креми. Не само што ќе ви ја навлажнат кожата, туку и ќе претставуваат добра основа за лесна шминка. На пример, малку маскара, руменило и сјај во боја.

Големиот црн куфер заменете го со помал во впечатлива боја

Зошто да не си играте со боите и не одберете слатко колоритно куферче? Изборот е голем и сигурно ќе најдете нешто по ваш вкус. Може да се одлучите за некое со уникатен винтиџ дизајн и практични додатоци. Секако, дополнителните отвори и патенти се плус бидејќи секогаш се наоѓаат кога нема каде да го ставите списанието и шишето вода што толку многу ви требаат.

Заборавете на шалварите

Тенка е линијата меѓу тоа да се чувствувате удобно и да изгледате крајно неуредно. Затоа, заборавете на облеката во која обично вежбате и одлучете се за друга постилска, а сепак опуштена варијанта. На пример, може да облечете износени фармерки кои би требало да ви бидат удобни и за подолги летови. Потоа, памучен долг фустан и комбинезон се исто така одличен избор, во зависност од стилот и расположението.

Штиклите заменете ги со ниски обувки

Штикли дефинитивно не доаѓаат предвид, токму поради тоа што не се воопшто практични за вакви прилики. Наместо тоа, одлучете се за ниски обувки во ваш стил со убав дизајн, слатки детали и невообичаен материјал, како кадифе и слично.

Земете си штосна капа

Кога наутро косата ви изгледа за никаде, нема ништо подобро од интересна капа која ќе ги сокрие недостатоците. Ги има многу на пазарот, а треба да ја изберете онаа која се совпаѓа со вашиот стил и секако, временските прилики. Ќе изгледате тренди и опуштено истовремено.

Облекувајте се во слоеви

Ова е најдобриот совет кога станува збор за патување. Никогаш не знаете кога времето ќе ве изненади. Затоа, најпрвин облечете обична памучна маица. Врз неа облечете блузон на патент или џемперче со копчиња. Потоа, во случај да стане многу ладно, при рака имајте кардиган во поголем број или некоја лесна јакна.

Без многу накит

Доколку патувате со авион секако ќе мора да го оставите накитот пред да поминете на металниот детектор. Затоа, избегнувајте комплицирани парчиња накит за кои ви треба многу време да ги извадите. Најдобар избор би биле долгите ѓердани и алките на закопчување, кои може лесно и брзо да ги извадите, а кои сепак ќе направат да изгледате одлично!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар