Како да патувате за малку пари? - Евтин престој - Part 3

Како да патувате за малку пари? – Евтин престој

3. Храна и пијалаци

Супермаркети

Ако патувате со мал буџет, тогаш супермаркетите се најдобрата опција за заштеда на пари за храна. Зарем мора да платите за некој да ги купи намирниците, да ги зготви за вас и да ви ги донесе на масата? Како што и за дома купувате од евтин супермаркет, истото можете да ги направите и во странство. Со тоа трошоците за исхрана нема да ви бидат далеку од оние што би ги имале за истата намена кога би седеле дома. Дури и да патувате во за нас скапите западноевропски земји, ќе се изненадите од фактот дека цените на основните продукти како јајца, макарони или туна се исти или слични со нашите. Купете нешто од супермаркет и направете пикник, тоа впрочем е редовна навика насекаде во светот.

Мени на денот

Вкусување на специјалитет типичен за земјата која ја посетувате е искуство кое може да додаде вредност на вашето патување. Сепак, рестораните се скапи и можат сериозно да го „оштетат“ буџетот. Доколку навистина многу сакате дел од своите пари да ги потрошите во ресторан, порачајте го менито на денот. Во некои земји рестораните се задолжени секој ден да определат „мени на денот“ кое ќе го нудат по намалена цена.

Како да патувате за малку пари? - Евтин престој

Менза

Студентските мензи во повеќето европски градови се отворени буквално за сите. Распрашајте се каде се наоѓаат студентските мензи и можете да се надевате на добар и евтин оброк. Пример за мени и цени има на овој линк. Без грижи, мензите надвор од Македонија драстично се разликуваат од оние кај нас.

Кафулиња

Идејата да се напиете пијачка во истото кафуле каде што тоа некогаш го правел Хемингвеј изгледа многу привлечно, но е многу скапо. Побарајте некое маалско кафуле кое не е окупирано од туристи. Таму амбиентот е автентичен и цените се разумни.

Ноќен живот

Ноќниот живот зборува многу за душата на местото кое го посетувате и би било штета да го изоставите. Имајќи предвид дека младите во Македонија сѐ потешко си го дозволуваат дури и во своите градови, посетата на барови и ноќни клубови за време на патување може да претставува проблем. За намалување на трошоците препорачливи се две работи кои можеби веќе ги практикувате. Прво, немојте да одите во клубови каде што се плаќа влез. Второ, ако големото количество алкохол ви е неопходно за добра забава, купете нешто за пиење од супермаркет и напијте се со друштвото пред излегување.

Познавате ли некој начин на евтин престој во странство кој овде не е спомнат? Споделете со нас!

Прочитајте и како да патувате со малку пари? – Евтин транспорт.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар