Како да откриете дали сте претерано чувствителна жена?

Како да откриете дали сте претерано чувствителна жена?

Жените кои се многу чувствителни, поинтензивно ги доживуваат работите. Лесно е да се препознаат нивните силни емоции кои се разликуваат од чувствата на останатите. Тие се многу добри соговорници бидејќи не обрнуваат внимание само на она што го велат другите, туку и на гестикулацијата што ја користат при зборувањето и тонот на гласот.

Како да препознаете претерано чувствителна жена?

Меѓутоа постојат и одредени негативни страни на оваа претерана чувствителност, со оглед на тоа што силните емоции понекогаш може да имаат катастрофални последици. Емотивните жени можат да ги искористат чувствата во нивна полза само доколку се свесни за нивниот интензитет. Доколку се прашувате дали и вие сте претерано чувствителни, обидете се да ги пронајдете кај себе следниве неколку карактерни особини…

Длабокоумни сте

Кога се соочувате со некакви потешкотии, се повлекувате во вашето засолниште и размислувате како сте се довеле до таа ситуација, пред да преземете што било за да го решите проблемот. Малите нешта имаат големо влијание на вас.

Обрнувате внимание на детали

Деталите ви значат исто толку колку и емоциите. Ги забележувате ситниците што другите ги пропуштаат и не сте задоволни сѐ додека не успеете да ги поврзете во целина. Оваа особина може да ви донесе многу придобивки, доколку ја одберете вистинската професија.

Ви треба повеќе време за да донесете одлука

Со оглед на тоа што секогаш навлегувате длабоко под површината на нештата, имате навика да одложувате кога станува збор за донесување одлуки. Се обидувате да ги видите сите можни резултати во вашата глава, а тоа може да претставува голем проблем, особено ако немате многу време.

Лошите одлуки можат да ве скршат

Ако донесете одлука и подоцна сфатите дека сте направиле лош избор, тоа ви паѓа многу потешко одошто на останатите луѓе. Тоа може да создаде маѓепсан круг кој дополнително го забавува процесот на донесување одлуки. Стравот од донесување одлуки е она што ви го попречува патот.

Како да препознаете претерано чувствителна жена?

Емотивно реагирате

Многу силно реагирате на сѐ што ви се случува. Не сте ништо помалку имуни ни на случувањата во животот на другите луѓе. Тешко ви е да ги канализирате емоциите за да го произведете однесувањето што сакате да го покажете.

Тешко поднесувате критики

Вашите силни чувства и интензивни емотивни реакции се причината за вашите потешкотии при прифаќањето критики. Иако знаете претерано да реагирате на туѓите критики, сепак ви се случува и добро да размислите за сѐ и подлабоко да ја истражите ситуацијата. Оваа анализа на критиките е корисна на подолг рок, бидејќи вашата неспособност да останете рамнодушни ви помага да ги направите неопходните промени.

Добро се снаоѓате во тимска работа

Вие секогаш ги земате предвид чувствата на другите луѓе, ги почитувате туѓите мислења и обрнувате внимание на детали. Токму овие особини ве прават исклучително важен член од работниот тим. Но, ова е меч со две острици доколку сте задолжени за донесување конечни одлуки, бидејќи вам повеќе ви одговара да ја анализирате ситуацијата.

Имате одлични манири

Вашата зголемена свест за туѓите емоции ве прави многу совесна личност. Обрнувате големо внимание на тоа како вашето однесување влијае на другите луѓе и можете да се пофалите со навистина добри манири. Освен тоа, многу се нервирате кога луѓето се непристојни, некултурни и безобразни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар