Како да откриете дали му се допаѓате? 7 сигурни знаци што несвесно го издаваат
Доколку сакате да дознаете што мисли тој за вас, не морате да го прашате директно или да погодувате, доволно е само да го набљудувате неговиот говор на телото. Без разлика на тоа што вели некој човек, неговите гестикулации лесно можат да ги откријат неговите вистински намери. Погледнете ги 7-те најчести позиции кои ги заземаат мажите кога им се допаѓа некој…
1. Си ја мести косата
На овој начин мажите се обидуваат да си ја зголемат самодовербата. На пример, кога ќе видиме личност која нѐ привлекува, инстинктивно се обидуваме да го средиме нашиот изглед со местење на фризурата. Ова правило важи и за жените исто така.
2. Ја става раката на половина
Ако мажот ги држи рацете во близина на неговите колкови, односно ги става во џеб или на половина, на тој начин се обидува да ја покаже својата сила. Истото важи и кога тој седнува со раширени нозе.
3. Се обидува да зафати што е можно поголем простор
Многу мажјаци од животинското царство се обидуваат да ги освојат женките со тоа што се дујат и перчат со нивните пердуви или крзно. Тоа го прават за да изгледаат што е можно поголеми. Кога некој маж го прави истото во близина на жена, станува збор за истиот праисториски животински инстинкт.
4. Зазема отворена позиција
Во друштвени ситуации, потсвесно заземаме поотворена позиција кон личноста што ни е привлечна. Обрнете внимание и на неговите стапала. Многу луѓе не забележуваат дека се свртеле кон личноста со која би сакале да разговараат, но очигледно е кога се случува тоа.
5. Зборува јасно и гласно
Обрнете внимание дали мажот станува позборлест кога ќе се појавите во негова близина. Тоа е показател дека сака да ве импресионира.
6. Ја копира вашата поза
Погледнете и видете дали тој барем делумно ја копира вашата поза. Тоа е знак дека се обидува да ве разбере и да најде заеднички интерес, а тоа потсвесно се одразува на неговиот говор на тело.
7. Се однесува возбудено
Кога му се допаѓате некому, изразот на неговото лице станува насмеан и возбуден. Неговиот поглед ќе биде топол и ќе зрачи со восхит. Доколку е нервозен, може и да поцрвенее.