Како да оставите добар прв впечаток за само 9 секунди?

Како да оставите добар прв впечаток за само 9 секунди?

На повеќето луѓе им е важно што мислат другите за нив. Ако и вам ви е грижа каков впечаток ќе оставите во одредени ситуации, научете како се прави тоа. Првиот впечаток е исклучително важен, и во приватниот и во професионалниот живот. Истражувањата покажуваат дека за само 9 секунди другите нѐ проценуваат и врз основа на тој впечаток се темели секое понатамошно нивно размислување за нас.

kako-da-ostavite-dobar-prv-vpechatok-za-samo-9-sekundi-kafepauza.mk

1. Додајте вредност во првиот разговор. Поставете се како личност која има волја да помогне на другите и дајте го тоа до знаење во текот на првиот контакт.

2. Научете да разбирате како светот ве доживува. Не е проблем ако не сте премногу љубезна или зборлеста личност, најважно е да бидете автентични. Немојте да глумите нешто што не сте бидејќи тоа се чувствува. Бидете свои и разговарајте како што тоа вообичаено го правите.

3. Поставувајте ги вистинските прашања. Кога се работи за првиот впечаток вашите прашања се многу поважни од одговорите. Тоа значи дека за да ги поставите вистинските прашања мора да го слушате соговорникот. Личноста веднаш ќе се почувствува поудобно во ваше друштво.

4. Размислете за што размислува личноста и што ѝ е моментално главна тема. Тоа секогаш може донекаде да се предвиди, па затоа подгответе се за тоа. Ќе бидете добар соговорник, а тоа сигурно ќе придонесе за подобар прв впечаток за вас.

5. Запознавајте се со срце. Никому не му е едноставно да воспостави прв контакт – од првиот поглед до првото ракување. Секогаш постои страв дека тоа нема да помине најдобро. Но ако го победите стравот и му пристапете на запознавањето со срце, шансите за успех и добар впечаток се скоро загарантирани. Насмевнете се, стиснете ја раката цврсто и покажете дека сте добра личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар