Како да останете здрави кога времето е ладно?
Кога времето заладува и мириса на снег, се појавуваат настинките. Додека температурите се ниски и најмалите работи влијаат врз нашето здравје. Еве како да останете здрави кога времето е ладно.
Чај или сок од портокал?
Кога чувствувате дека настинувате, би се запрашале дали е подобро да се напиете чај или сок од портокал. Одговорот е чај. Иако сокот од портокал содржи многу витамин Ц, кој е добар борец против настинките, преферирајте да конзумирате чај. Поради високата количина на шеќери, соковите го слабеат вашиот имунитет и ве прават поподложни на настинки. Според едно истражување, со конзумирање 100 грама јаглехидрати во форма на гликоза, фруктоза, мед или сок од портокал, значително се намалува функцијата на белите крвни клетки кои придонесуваат за здрав имунолошки систем. Додека сте настинати важно е конзумирање на големи количини течности, но подобро конзумирајте чај, кој покрај другото ги отвара дишните патишта. Напијте се шолја чај и внесете витамин Ц преку овошје или таблети.
Чај со млеко или чај со лимон?
И покрај тоа што некои ја преферираат комбинацијата чај и млеко, истражувањата покажале дека протеинот кој го содржи млекото, ги намалува здравствените придобивки од чајот. Одделно, зелениот чај и протеинската исхрана, го забрзуваат метаболизмот и ги горат мастите. Но, кога ќе се комбинираат ефектот е поинаков.
Одмор од обврските или нивно извршување и покрај настинката?
Не одете во кревет порано од вообичаено, не нарушувајте го својот распоред. Иако е многу тешко да се остане на нозе кога настинката ве притиска, најдобро е за време на викендот да се одмарате по десетина до петнаесет минути по што ќе им се враќате на обврските. Не мора да работите тешка физичка работа, но останете свесни, будни и во движење. Доколку спиете час или час и половина, ќе се чувствувате уште поуморни, поспани и ќе ѝ се покорите на настинката. Внесувајте витамини, пијте чаеви и не се излежувајте предолго за да го зајакнете имунолошкиот систем.
Да се облечеме премногу или доволно?
Кога се работи за лесна настинка, не останувајте постојано дома. За време на вашите прошетки облекувајте се како надвор да е потопло за неколку степени отколку што навистина е. Можеби на почеток ќе ви биде ладно, но ќе се загреете. Ако сте премногу облечени полесно ќе се испотите и ќе си ја влошите состојбата. Плус, докажано е дека ладното време не ги предизвикува настинките.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.