Како да останете продуктивни во текот на зимата?

Како да останете продуктивни во текот на зимата?

Иако празниците поминаа, сепак зимата не е завршена. Доколку сте се прашувале како можете да ја зголемите продуктивноста во овој период, не сте сами. Без разлика дали се соочувате со сезонска депресија или со повремено лошо расположение, факт е дека тоа има големо влијание на вашата продуктивност. За да се справите со овие чувства и да ги завршите обврските до крајот на зимата, погледнете ги овие совети.

Како да останете продуктивни во текот на зимата?

1. Осигурете се дека внесувате доволно магнезиум во организмот

Продуктивноста може да страда од анксиозноста и од стресот, особено во текот на зимата кога луѓето настојуваат да се чувствуваат полошо. Еден од најдобрите начини да се справите со зимската анксиозност и слабата концентрација е да земате магнезиум како додаток во исхраната. Магнезиумот е познат како антистрес минерал и е природен начин да се справите со зимската депресија. Истражувањата покажале дека магнезиумот го смирува нервниот систем, ги опушта напнатите мускули и го забавува чукањето на срцето, со тоа намалувајќи го нивото на стрес и анксиозност.

2. Направете листа со обврски и поставете копии низ целиот дом

Понекогаш најдобрата мотивација ќе ја најдете кај самите себе. Ако оваа зима ви е тешко да ги остварите плановите, од помош ќе ви биде листата со обврски. Оваа листа нека биде со нешта што навистина сакате да ги правите, како гледање филм, излегување со колегите или посета на некој пријател. Размислете што сакате да правите, без разлика колку е големо или мало и запишете го. Потоа поставете ја листата низ целиот дом и обидете се секој ден да правите барем по едно нешто од неа.

3. Земајте витамин Д за подобрување на расположението и продуктивноста

Во зимата деновите се пократки, што значи изложени сме на помалку сончева светлина. За среќа денес сонцето не е единствениот извор на витамин Д и можете да го најдете во многу додатоци за исхрана. Тмурните денови и суденото време го намалуваат нивото на витамин Д, па ризикот од сезонска депресија и анксиозност се зголемува. Ова пак ја намалува продуктивноста. За да го добиете потребното количество витамин Д во деновите без сонце, земајте додатоци во исхраната.

4. Посветете 10 минути на фокусирање на само една задача

Поставувањето на оваа мала цел често е одлична почетна точка. Во оваа ситуација од голема важност е да го исклучите телевизорот и да се ослободите од сè што ќе ви го одвлекува вниманието, како на пример вашиот телефон. Потоа одберете некоја задача и 10 минути посветете ѝ само неа. Чувството на исполнетост ќе ве мотивира да додадете уште 10 минути за задачата.

5. Правете планови и исполнувајте ги

Најверојатно почесто ќе одите во теретана доколку платите однапред. Ако се договорите со пријателите за пијачка за наредната недела, поверојатно е да го исполните планот. Ако закажете што било однапред, помала е веројатноста дека ќе откажете. Па, запишете ги вашите планови и речиси сигурно ќе ги направите реалност.

6. Излезете надвор, дури и кога е ладно

Иако температурите се ниски, сепак можете да излезете. Кога треба да бидете продуктивни, најдобро е да излезете надвор барем и на неколку минути. Природната светлина ќе ви даде енергија, дури и кога надвор е облачно. Таа ќе му сигнализира на телото дека е време да се раздвижи. Доколку останете во темно, вашиот мозок ќе сака да спиете.

Погледнете и кои видови музика ќе ја зголемат вашата продуктивност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар