Како да останете пријатели со вашиот бивш партнер?
Раскинувањето е навистина тешко. Цело време сте вложувале во вашата врска, сте се надевале дека работите ќе излезат во најдобар ред и речиси никогаш не сте помислувале дека ќе дојде ден кога таа личност нема да биде покрај вас за да ве поддржува, да ве расположи и да ви ја држи раката. Но, откако вашата врска прекинала поради доброто за вас двајцата, дали треба оваа личност целосно да ја отстраните од вашиот живот? Што ако не можете да го направите тоа? Добрите вести се дека не треба да ѝ кажете збогум на личноста за која сте се грижеле долг период. Иако не сте повеќе во романтична врска, вие сѐ уште можете да бидете пријатели. Секако дека е полесно да се каже ова отколку да се направи, но, тоа сепак е возможно. Еве на кој начин да го направите тоа.
1. Не се фокусирајте на минатото
Едно од најлошите нешта што можете да ги направите кога сакате да бидете пријатели со вашиот бивш партнер, е да зборувате и да размислувате за вашето минато. Тоа ќе ја уништи вашата пријателска врска, уште пред да започне. Вие не се состанувате повеќе, па не треба да му се обраќате нему кога ќе ви треба некоја помош или кога ќе имате лош ден. Исто така и вие нема да ја играте оваа улога во неговиот живот. Ова значи дека не можете да зборувате за прекрасниот одмор што сте го имале минатото лето или пак да споделувате шеги кои само вие сте ги знаеле. Тоа ќе ве натера да се прашувате дали работите би можеле да бидат поинакви, кога и вие знаете дека сте ја прекинале вашата врска со причина. Потсетувањето на минатото е обично лоша идеја и дефинитивно ќе предизвика повеќе штета отколку корист.
2. Не зборувајте за вашите љубовни животи
Без разлика дали ќе ви се допадне или не, ако и двајцата одлучите да останете пријатели, тоа значи дека по некое време ќе почнете да се состанувате со други личности. Можеби набрзо некој од вас ќе запознае личност со која ќе започне сериозна врска. Па, како да бидете пријатели со вашиот бивш партнер додека и двајцата сте во нови љубовни врски? Тоа е многу едноставно, сѐ што треба е да не зборувате за вашите љубовни животи, затоа што тоа ќе резултира со незадоволство и љубомора. Секако дека после сѐ ова не е воопшто лесно, но дефинитивно вреди да го одржувате ова пријателство доколку тоа е нешто важно за вас двајцата. Не можете да се откажете од новата личност во вашиот живот, да ги споделувате заеднички поминатите моменти или да ги кажувате вашите планови. Иако тоа може да изгледа како да ги криете работите или дека не сте искрени, сепак, тоа е за ваше добро. А сигурно не сакате да слушнете за новата личност во неговиот живот.
3. Излегувајте заедно само во друштво
Сигурно во минатото сте се гледале често со вашиот партнер, но сепак сте чувствувале дека не можете да поминете доволно време заедно. Но, сега кога работите се поинакви, тоа значи дека треба да излегувате само во нечие друштво. Ова ќе ги направи работите полесни и помалку непријатни. Вие ќе бидете опкружени со луѓе, при што вашето внимание може да биде одвлечено во погрешна насока.
4. Имајте почит
Во минатото сте се грижеле премногу за оваа личност, па сигурно тоа сѐ уште го правите, со оглед на фактот дека сакате да останете пријатели. Затоа, имајте почит. Не обидувајте се постојано да зборувате за вашето раскинување или пак да направите да чувствува вина. Сигурно и тој се чувствува ужасно, како и вие. И двајцата треба да сфатите дека сте добри луѓе, но дека не сте еден за друг и дека подобро функционирате како пријатели. Ова значи да бидете љубезни цело време, затоа што не знаете колку другата личност е повредена. А и двајцата сигурно сакате да имате добри шанси за да продолжите понатаму.
5. Направете го ова само ако сте го заборавиле
Доколку сѐ уште сметате дека имате некои чувства кон вашиот бивш партнер, тогаш, не е најдобра идеја да останете пријатели со него. Всушност, тоа е најверојатно најлошото нешто што можете да го направите, како за себе, така и за него. Сигурно не би сакале целото време да го поминете мислејќи на него и прашувајќи се дали и тој се чувствува на истиот начин и дали вие двајцата ќе имате втора шанса. Вака само ќе се збуните и ќе се чувствувате неудобно, а секако, тоа не ви е потребно.
6. Престанете да му пишувате
Дефинитивно треба да престанете да му пишувате на вашиот бивш партнер. Ова ќе ве спречи од повторно враќање на старите навики, особено ако вие сте биле научени најмногу да комуницирате преку пораки. Тој не би требало да го знае секој ваш потег, ниту пак вие истото за него. Речиси невозможно е да му пишувате на некој од спротивниот пол без малку да флертувате, па затоа, подобро е да го избегнувате овој начин на комуникација. Секако дека може да коментирате на некои објави на социјалните мрежи, но тоа нека биде повремено и пријателски.
7. Заштитете се себеси
Вистината е дека покрај сите ваши напори, понекогаш во некои моменти ќе ви недостига вашиот бивш партнер. Ова особено зависи од тоа колку долго сте биле заедно, а е сосема во ред и нормално. Покрај сѐ, вие сте човек. Затоа, дајте си пауза и не заборавајте да се заштитите себеси. Ако тоа значи избегнување на вашиот бивш партнер во наредната недела сѐ додека не се чувствувате подобро, тоа е во ред.
8. Очекувајте да се променат работите
Секако, знаете дека работите нема да бидат исти помеѓу вас двајца. Но, ваквото знаење и вистинското разбирање се две сосема различни работи. Не вознемирувајте се доколку вашиот бивш партнер не ви пријде на некоја забава и не ви посвети доволно внимание. Ќе бидете во право, затоа што тој не обрнува внимание на вас и тоа е добра работа. Тоа е она што го сакате, затоа што би било чудно тој да се однесува како вие двајца да сте во врска, а не сте.
9. Останете присебни
На крајот од денот, вие не би сакале да имате какви било негативни емоции помеѓу вас и вашиот бивш партнер. Ова значи да останете присебни без разлика на сѐ. Доколку некој ваш заеднички пријател ви вели дека вие си одговарате и дека треба повторно да бидете заедно, вие насмевнете се и не коментирајте. Доколку тој ве задева како што секогаш го прави тоа, постапете на ист начин како претходно, затоа што сигурно не сакате да го охрабрите кога и двајцата знаете дека вашата цел е пријателството, а не повторното враќање заедно. Иако ова може да ви звучи чудно затоа што се работи за некоја личност со која претходно сте биле во врска, сепак, тој е добар начин за да ги средите работите помеѓу вас. Вие сега сте во некоја нова фаза и тоа значи секогаш да бидете учтиви и пријателски настроени, но сепак, да не споделувате премногу.
10. Слушајте ја вашата интуиција
Секогаш е важно колку удобно се чувствувате, без разлика дали станува збор за состанување со некоја нова личност, справување со работната ситуација или пак обидување да останете пријатели со вашиот бивш партнер. Иако тој сѐ уште може да се однесува како вие да сте пар, имате секакво право да му кажете да прекине да го прави тоа. Истото важи доколку тој постојано ве контактира. Доколку потоа одлучите дека ова пријателство не е најдобрата одлука за вас двајцата, слободно можете да ја смените вашата одлука. Не треба да се чувствувате виновни доколку ова заврши само како лоша, неуспешна идеја.
Да се биде пријател со некој во кој порано сте биле вљубени, не е лесно, но може да биде корисно доколку и двајцата се грижите еден за друг. Држете се до овие упатства и со текот на времето можеби ќе сфатите дека вие двајцата подобро функционирате како пријатели. Тогаш ќе го имате најдоброто, односно, до себе ќе имате личност која ви значи многу, а истовремено ќе бидете отворени за нова љубов.