Како да ослабете со помош на нумерологијата?

Како да ослабете со помош на нумерологијата?

Со пресметувањето на вашиот биоритам ќе откриете нешто ново во врска со храната што ја сакате, а на тој начин ќе откриете и која исхрана е најдобра за вас со цел да ги изгубите несаканите вишок килограми. Биоритамот го покажува вашето однесување во секојдневниот живот. Станува збор за променлива категорија којашто се менува секои 2 часа. Еве на кој начин можете да го пресметате биоритамот, а со тоа и да најдете едноставен начин да ослабете.

Неопходно е да го наведете денот и месецот на раѓање, па со нивното собирање на крај да добиете едноцифрен број. На пример, ако вашиот роденден е 13 август, тогаш можете да го пресметате вашиот биоритамски број на следниов начин:

1+3+8=12
1+2=3

Во овој случај вашиот биоритам би бил 3-от. Епа ајде, пресметајте го вашиот биоритамски број и потоа пронајдете го подолу со цел да можете да ја откриете најдобрата исхрана за слабеење.

Биоритам 1

Овој број има најголеми барања, па личностите се такви и кога е во прашање храната. Тие го сакаат само најдоброто од животот, затоа што сметаат дека тоа им припаѓа, па затоа премногу прибираат и ја ценат квалитетната храна. Овие личности сакаат ексклузивни јадења на коишто не можат да им одолеат. Хлорофилот е многу важна состојка на храната што треба да ја консумираат припадниците на бројот 1. Исто така за нив е важно да внесуваат големи количини зелен зеленчук.

Биоритам 2

Чувствителната двојка ги обожава сите видови слатки и колачи, коишто ги ублажуваат љубовните проблеми и животните искушенија. Затоа што луѓето со овој биоритамски број се вистински куќни типови, тие сакаат домашно приготвени јадења. Во поглед на храната не се многу пребирливи, но поради чувствителниот желудник би требало да избегнуваат жестоки пијалаци и премногу зачинета храна. Ним им се препорачува храна со жолта лушпа – пиперки, компир, тиква, банани…

Биоритам 3

Припадниците на бројот 3 многу уживаат во храната и затоа често се мачат со вишокот килограми. Нивната исхрана треба да биде збогатена со виолетово овошје и зеленчук. Сакаат шпагети, лазањи и слични јадења коишто најчесто и ги дебелеат.

Биоритам 4

Припадниците на бројот 4 се многу скромни кога е во прашање храната. Тие најчесто го јадат она што е неопходно и не јадат премногу. За нив е идеална храната со бела боја. Ги воодушевува храната направена од тесто.

Биоритам 5

Вечните деца, луѓето со биоритамски број 5, секогаш се во чекор со времето, па први го прифаќаат секој нов нутриционистички тренд. Овие луѓе сакаат готвење, нови јадења и нови рецепти, а исто така се и многу пребирливи. Затоа што не сакаат долго да седат на мир, тие јадат повеќе пати на ден. Исто така ги привлекуваат и егзотичните јадења.

Биоритам 6

Припадниците на овој број имаат одличен апетит. Не е лесно да им се угоди затоа што се големи гурмани, а притоа и самите одлично се снаоѓаат во кујната. Најважно им е храната да е убаво аранжирана, но и вкусна и разновидна.

Биоритам 7

7-те се љубители на вегетаријански и макробиотички кујни. Би требало да користат овошје и зеленчук во големи количини, а притоа да избегнуваат кисели плодови. Идеален избор за нив би бил разновидниот зеленчук или некој необичен специјалитет на база на билки.

Биоритам 8

Жестоките 8-ци претеруваат во сè. Сакаат добро зачинета храна и со тоа патем да се напијат чаша виски. Обожаваат месо, но би било добро повеќе да внесуваат овошје и зеленчук. Ним им се препорачува полесна исхрана.

Биоритам 9

Деветките имаат голем апетит. Сакаат свежо и приготвено овошје и зеленчук. Не се пребирливи кога е во прашање храната. Ним им се препорачува овошје и зеленчук во индиго боја. За нив е важно храната да биде вкусна, средно зачинета и да ја има во големи количини. Со оброкот сакаат и чаша добро вино.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар