Како да ослабете без да се чувствувате гладно?

Како да ослабете без да се чувствувате гладно?

Не е голема тајна дека вежбањето и здравата исхрана се задолжителни доколку сакате да одржувате здрава телесна тежина, барем во поголемиот дел од случаите. Но, доколку сакате да бидете послаби, тоа не значи дека морате да се изгладнувате. За да имате енергија, избирајте здрави и квалитетни производи кои ќе ви помогнат да издржите цел ден со кои нема да посегнувате по слатки или грицки. Интегралните и помалку индустриско преработените производи ќе ве наполнат со енергија и ќе ви помогнат полесно да го контролирате вашиот апетит.

1-kako-da-oslabete-bez-da-se-chuvstvuvate-gladno-www.kafepauza.mk_

1. Избирајте природна и органска храна

Природната исхрана, како што се зеленчукот, овошјето, житарите и мешунките изобилуваат со хранливи влакна. Храната која е богата со влакна ќе ви помогне што подолго да се чувствувате сито. Растворливите влакна кои главно се наоѓаат во мешунките и овошјето го забавуваат празнењето на желудникот и го стабилизираат нивото на шеќер во крвта. Производите кои се богати со хранливи влакна, исто така, содржат и пребиотици – посебен вид скроб кој служи како храна за пробиотиците, односно здравите бактерии кои живеат во вашиот дигестивен систем. Јадете најмалку 700 грама зеленчук и 3 парчиња овошје секојдневно и обидете се вашите оброци да изобилуваат со хранливи влакна кои се наоѓаат во слаткиот компир, гравот, житарките со целосно зрно.

2. Вклучете пробиотици во вашата исхрана

Во нашите црева живеат многу бактерии, а некои од нив можат да ја стимулираат дебелината. Од друга страна, постојат и добри бактерии кои го поттикнуваат метаболизмот и на тој начин и самото слабеење. Како би го зголемиле нивното ниво, воведете во вашето мени обработени млечни производи како што се јогуртот, кефирот, сирењето и слично.

3. Воведете производи кои го поттикнуваат согорувањето на калориите

Истражувањата покажале дека одредени состојки кои се наоѓаат во некои производи можат да го поттикнат согорувањето на калориите, да го намалат апетитот, односно да помогнат во контролирање на тежината.

2-kako-da-oslabete-bez-da-se-chuvstvuvate-gladno-www.kafepauza.mk_

4. Намалете ги порциите

Доколку сакате да изгубите неколку килограми би требало да ја намалите големината на порциите кои секојдневно ги јадете, а уште подобро би било да јадете од помала чинија, бидејќи на тој начин ќе го излажете вашиот мозок. Исто така, веднаш откажете се од сите нездрави грицки како што се чипсот, чоколадото и слично. Наместо тоа грицкајте јаткасти плодови или пак, самите пригответе си некој здрав десерт.

5. Бидете активни

Немојте да заборавите на физичката активност, не само поради намалувањето на килограмите, туку и поради вашето здравје. Затоа вежбајте редовно, а освен вежбањето, бидете активни и на други начини – шетајте, возете велосипед, избирајте ги скалите наместо лифтот и слично. Ако веќе некое време се занимавате со физичка активност, тогаш повремено променете ја вашата рутина на вежбање. Немојте постојано да правите едни исти вежби, туку секојпат воведувајте нешто ново, бидејќи на тој начин ќе согорувате многу повеќе калории.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар