Како да одговорите ако вашиот партнер ве понижува?

Како да одговорите ако вашиот партнер ве понижува?

Дали вашиот партнер јавно ве понижува правејќи шеги на ваша сметка и ве критикува, и тоа најчесто пред другите? Тоа боли, зар не? Особено кога ќе ја доживеете оваа сцена пред семејството, колегите или пријателите. Земајќи ги во обѕир различните култури, социо-демографските одлики, како и верата, и покрај тоа што ова однесување го доживуваат милион парови, вашите чувства се и понатаму важни. Ова однесување не е во ред ако вам не ви се допаѓа, и тоа е едноставно важно.

Најчесто понижувањето подразбира споделување на вашите интимни моменти, коментирање на вашиот изглед, отворено споредување со некого кој е наводно подобар од вас и критикување пред семејството и пријателите. Кога ќе се случи сценарио како ова, не треба да го проживувате во себе и да глумите дека не ве боли. Затоа ви претставуваме 5 најдобри начини за однесување кога некој ве понижува.

1-5-nachini-kako-da-odgovorite-ako-vashiot-partner-ve-ponizhuva-www.kafepauza.mk_

1. Идентификувајте ги вашите чувства

Важно е да ја разјасните вашата перцепција за ситуацијата – мислите и чувствата кои се мешаат со коментарите на вашиот партнер. Што се појавува во вас? Дали сте лути, тажни, разочарани, фрустрирани? Што повеќе сте свесни за чувствата кои се будат во вас поради таа постапка, подобро ќе можете да идентификувате што сакате од вашиот партнер.

2. Слободно искажете ги вашите чувства

Јасно кажете „лута сум“, наместо да се скривате во другиот дел од просторијата или да трескате со кујнските елементи. Ова е примарна работа, бидејќи вашиот партнер не може да ви ги чита мислите. Мажот може да ја почувствува вашата вибрација, но ќе остане зачуден кога ќе чуе „сè е во ред“ додека истовремено ја трескате вратата и јасно ја искажувате лутината. Избегнувајте да се однесувате на овој начин, бидејќи различните сигнали и пораки кои му ги праќате само ќе го загрижат. Тоа го прави мажот нервозен, поради што нема да знае како да се постави во дадената ситуација.

3. Разговарајте отворено со партнерот

Важно е да ја сфатите намерата на партнерот. Дали тој само се обидувал да има добро дружење и да каже шега, не мислејќи колку тоа ќе ве повреди? Дали тој ви бил лут, па искористил некоја болна приказна за да ви ја сервира намерно „под нос“? Дознајте што тој мислел и зошто го направил тоа. Понекогаш понижувачката ситуација може да биде ненамерна, но вистинското понижување кое преминува во облик на злоупотреба е сеприсутно, доследно и болно искуство.

2-5-nachini-kako-da-odgovorite-ako-vashiot-partner-ve-ponizhuva-www.kafepauza.mk_

4. Ако партнерот не ви се извини, не велете му дека „сè е во ред“

Ако најпрво сте ги идентификувале чувствата и сте сфатиле дека постапката на партнерот ви нанела болка, со потврдата дека „сè е во ред“ негирате сè. Од друга страна пак, ако ситуацијата е сосема нормална, тогаш зошто партнерот би ви го поставил ова прашање?

Подобро е да му одговорите „Благодарам, го прифаќам твоето извинување“. На тој начин јасно ќе му ставите до знаење дека тој мора да стои зад своите постапки и да се извини кога е потребно. Кога ќе се извини, тој ќе сфати дека неговото однесување било лошо и навредливо. Вашиот одговор дека е во ред само ќе го минимизира неговото лошо однесување, а на овој начин ќе има чувство на вина.

5. Простете

Простувањето е одлична работа. Ако во себе држите и ширите негативни емоции, огорченоста ќе продолжи да се шири и на крај ќе придонесе за завршување на вашата врска. Обидете се да си простите на себе поради вашата реакција кога ве повредил коментарот, а потоа простете му на партнерот. Дури и ако простувањето бара мали и ситни чекори, започнете го процесот и работете на него.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар