Како да одберете костим за капење без многу мака?
Некогаш одењето на шопинг за костим за капење е бескрајно мачно. Бела кожа на која се познава секоја несовршеност, силни рефлектори во кабините за пресоблекување, многу модели, а вам ништо не ви се допаѓа. Проблемите може да се намалат доколку со себе понесете добро друштво, расположение и си помогнете следејќи ги овие неколку совети кои и те како може да ви бидат од корист.
Едно британско истражување кое се спровело пред две години во Нивеа покажува дека многу повеќе жени би се соблекле по костим за капење на плажа отколку да се соблечат прв пат пред партнерот. Повеќе од половина од жените одговориле дека кога ќе облечат костим за капење најмногу ги загрижува пределот кај стомакот додека петина од жените одговориле дека сè ги загрижува.
Со годините доаѓа и самодовербата кај жените, па така тие сè помалку се заморуваат со својот изглед, а мајчинството се покажало како значенски фактор кој влијае жените да бидат задоволни од своето тело. На женската самодоверба најмногу влијае одобрувањето од друга девојка, па 81 проценти од жените признале дека им се подобрува расположението кога ќе добијат комплимент од некоја пријателка.
Затоа кога ќе одите на шопинг по нов костим за капење земете со вас пријателка, затоа што, така ова многу трауматично искуство ќе можете полесно да го поднесете.
Што сакате да истакнете?
Тргнете од примарните работи, боја, модел и детали кои играат голема улога. Ако сакате да ги нагласите градите тогаш одберете горен дел кој ќе привлекува погледи, без разлика дали станува збор за ефектна комбинација на бои или некои дополнителни детали. А долниот дел нека биде едноставен без детали и украси, еднобоен, во некоја темна нијанса.
Сè е во деталите
Деталите како што се наборите може да создадат ефект на повитка фигура. Наборите на гаќичките не само што изгледаат добро и држат сè на свое место туку и ја прават фигурата повитка. Уште едно тајно оружје на наборите, најчесто кај долниот дел од костимот за капење, е тоа што тие често се придружени со врвки, кои може да се затегаат и олабавуваат по желба. Во создавањето изглед на витка фигура помага и ситниот принт особено на едноделните костими за капење.
Обидете се со нов модел
Сигурно се чувствувате најкомфорно во црн дводелен костим за капење, но зошто да не експериментирате малку и ова лето да пробате нешто ново? Изборот е голем и сигурно ќе најдете нешто што ќе ви стои исто толку добро, ако не и подобро. Оваа година се многу модерни едноделните костими за капење со една прерамка, кои сите ги прифаќаат без разлика на обликот на телото. Тие го нагласуваат пределот кај вратот и рамената и привлекуваат многу погледи во пределот на клучната коска, а го одвлекуваат вниманието од проблематичните долни делови.
Добро е да се знае
Монокините се идеален костим за капење за оние кои имаат детска линија на телото. Поради секси изразот на страна визуелно ви додаваат повеќе облини отколку што навистина имате. Дводелните костими за капење со нашиени набори и реси ќе ви дадат волумен, па затоа се идеални за оние кои немаат облини.
Ако сте ниски и сакате да создадете изглед на подолги нозе, одберете костим со темен долен дел и повисок отвор кај бедрата. Ако сакате да го покриете делот кај стомакот и помалку да го нагласите пределот кај бедрата тогаш одберете гаќички кои од страните можат да се затегаат и олабавуваат за да можете да го избегнете создавањето на ефектот „мафинов врв“.
Ако имате поголеми гради дајте им предност на оние костими кои во горниот дел имаат појаки корпи за да ви дадат дополнителна потпора. И секако, избегнувајте ги моделите со тенки прерамки кои би ви се врежувале во телото.