Како да носите кратки шорцеви во сите прилики и притоа да изгледате совршено?
Кратките шорцеви можете да ги комбинирате со кошули, маички, елегантни блузи или костими за капење. Тие без сомнение можат да се носат во сите прилики. Токму тоа е и една од причините зошто оваа година тие се еден од најголемите модни трендови. Тие се многу практични, па дури можат да се носат и со патики и со штикли.
Шорцеви во форма на кратко здолниште
Дали постои подобра комбинација од оваа за топлите летни денови? Ова здолниште се всушност шорцеви кои истовремено изгледаат и романтични и практично. Тие одлично одговараат со рамни чевли и кошула, но нема да згрешите ни доколку облечете високи потпетици.
Бели шорцеви
Овој дизајн никогаш нема да излезе од мода. Па, доколку изберете атрактивен модел со висок струк и широк крој, вие без сомнение ќе бидете забележани. Белите шорцеви најдобро одговараат со рамни сандали и се одлична комбинација за љубовен состанок или дневна прошетка во град.
Тексас шорцеви
Ние сме сигурни дека не постои дама која не поседува барем еден пар тексас шорцеви во својот шкаф. Тие се едни од најпрактичните и најомилените парчиња облека на жените. Совршено одговараат со маица на линии и бели патики.
Шорцеви со висок струк во силна боја
Пантолоните со висок струк постојано се искачуваат повисоко на листите за модни трендови, па токму затоа никогаш нема да згрешите доколку одберете шорцеви со висок струк. Тие најдобро одат со салонки за ноќни излегувања, особено ако се во силна боја која ќе ве издвои од топлата.
Свилени шорцеви
Пријатниот свилен материјал е одличен за топлите летни денови, па токму затоа оваа комбинација треба да биде вашиот прв избор за дневните прошетки или пак, со високи потпетици за ноќните излегувања.
Црно-бели шорцеви
Црно-белата комбинација никогаш нема да излезе од мода, па токму затоа доколку набавите шорцеви во овие бои вие ќе можете уште долго време да ги носите. Исто така, каде и да решите да ги носите овие шорцеви, вие секаде ќе оддавате елегантен впечаток.