Како да носите костим, а притоа да не се чувствувате здодевно и монотоно?
Секогаш кога ќе посакате да го носите костимот надвор од работното место или пак, да изгледате како врвните модни блогерки, лесно можете да западнете во стапицата на модната досада. Но, не мора да биде така, бидејќи ние ви предлагаме неколку совети кои ќе ја „зачинат“ вашата професионална облека така што ќе си поиграте со боите, силуетите и аксесоарите.
1. Размислувајте надвор од црната боја и другите темни нијанси
Не велиме дека треба да избирате светли бои од виножитото, туку малку да ја зачините комбинацијата и да започнете да избирате бои кои спаѓаат надвор од традиционалните. Богатите бои, како што е бордото или маслинесто зелената, се освежувачки и со нив нема да изгледате смешно или нападно.
2. Облечете блуза со принт под него
Доколку сакате да ја носите оваа комбинација на работното место, тогаш изберете позатворена блуза, но генерално идејата е да облечете блуза или кошула со принт под сивото палто за да изгледате многу помодерно и позанимливо.
3. Земете ги предвид пошироките палта и панталони
Има време и место за молив здолништата, но како можете да кажете „не“ на панталоните со широки ногавици? За да ги избегнете коментарите од типот: „Детето ја носи облеката од својот татко“, иако е поширок, погрижете се костимот секогаш да го следи вашето тело, особено околу рамената и половината.
4. Комбинирајте со блуза со кратки ракави и патики
Доколку свилената кошула и високите потпетици не се ваш стил, тогаш костимот надополнете го со обична, бела блуза со куси ракави и едноставни патики.
Продолжете на следната страница за останатите 5 модни комбинации со костими…