Како да носите есенски парчиња, иако надвор е сѐ уште +30?

Како да носите есенски парчиња, иако надвор е сѐ уште +30?

Има нешто во есента што при самата помисла на убави дебели материјали нѐ тера уште во летните месеци да започнеме да се спремаме за претстојната сезона. Големите и топли џемпери, елегантните капути и убавите шешири се само дел од нештата кои асоцираат на есенска мода. Продавниците полека се полнат со есенска роба, па останува ние да се подготвиме за нејзиното пристигнување. Но, ако не ви се чека, подготвивме 5 модни предлози кои ќе ви донесат есенски вибрации во сѐ уште топлото лето.

0- eve-kako-da-nosite-esenski-parchinja-iako-nadvor-se-ushte-e-+30-kafepauza.mk

1. Тексас кошула

Иако ги викаме тексас кошули, факт е дека материјалот од кој се прават т.н. „фармерски кошули“ е малку полесен од оригиналниот тексас. Во комбинација со пантолони од лесен материјал како свила или лен, плус некои интересни отворени сандали или апостолки ќе се чувствувате пријатно, а сепак ќе бидете опремени за благото есенско ветерче.

1- eve-kako-da-nosite-esenski-parchinja-iako-nadvor-se-ushte-e-+30-kafepauza.mk

2. Есенска јакна

Иако јакната е неопходна во есен, некогаш потребна e и во текот на летните месеци. Ако сакате да внесете есенски вибрации во целосно летна комбинација, тогаш ви препорачуваме да искомбинирате тексас шорц со едноставна маичка, лесна есенска парка и едноставни патики.

Совет плус: Ако станува премногу жешко, тогаш врзете ја парката околу половината.

2- eve-kako-da-nosite-esenski-parchinja-iako-nadvor-se-ushte-e-+30-kafepauza.mk

3. Боди со долги ракави

Ова парче е задолжително во текот на целата година, но сепак некако најубаво стои во есен. Целете кон шорцеви со машки крој ако не сте љубител на мини шорцевите и додадете високи отворени сандали за да додадете женственост на целокупниот изглед. Играјте со боите и дезените за да ја доловите минималистичката природа на бодито и да го прикажете вашиот личен стил.

3- eve-kako-da-nosite-esenski-parchinja-iako-nadvor-se-ushte-e-+30-kafepauza.mk

4. Здолниште од превртена кожа

Превртената кожа е материјал кој функционира одлично во сите годишни времиња – секако, ако добро се комбинира. Долга или кратка сукња од превртена кожа со светла блуза од пријатен и лесен материјал и римјанки е комбинација која ќе ве лади, но сепак ќе ви даде и есенска нота.

Совет плус: Како што ќе минува летото, така посветлите бои менувајте ги со потемни.

4 eve-kako-da-nosite-esenski-parchinja-iako-nadvor-se-ushte-e-+30-kafepauza.mk

5. Чизми до глужд

Омилени на многу девојки, чизмите до глужд се еден од најлесните начини да инкорпорирате есенско парче во летната гардероба. Обичната летна маичка или фустанче во некој придушен тон и слатки чизмички до глуждовите се тивка ода за есенската сезона која следи.

Совет плус: Додадете шапка за да го збогатите изгледот.

5 eve-kako-da-nosite-esenski-parchinja-iako-nadvor-se-ushte-e-+30-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар