Како да не го преспиете вашиот живот?

Како да не го преспиете вашиот живот?

Напуштете ја рутината за да најдете и најмали нешта за кои ќе бидете благодарни. Наскоро ќе сфатите дека тие се повредни отколку што некогаш сте очекувале. Прекрасно е кога редот во маркет се движи побрзо од очекуваното. Прекрасно е кога шанкерот ви пушта бесплатна тура. Прекрасно е дури и кога се обидувате да не се насмеете во текот на сериозна ситуација (што ситуацијата во истиот момент ја прави посмешна). Еден ден ќе погледнете назад и ќе сфатите дека се сеќавате на изненадувачки голем број навидум досадни ситуации.

Како да не го преспиете вашиот живот?

1. Бидете присутни. Фокусирајте се и почувствувајте ја енергијата која излегува од некој за кого се грижите и сте среќни што поминувате време заедно. Кога седите со нив на каучот или спроти нив во кафе барот, слушајте внимателно што зборуваат. Не дозволувајте да ви одлета умот или да почнете да замислувате што би кажале следно. Повторувајте што кажува вашиот соговорник. Бидете присутни во моментот. Оставете го телефонот во вашиот џеб.

2. Осмелете се да побарате почит од сите околу вас, додека исто така ќе запаметите дека вие не сте подобри од кого било. Погледнете ги луѓето кои најмногу ви одат на нерви и запомнете дека и тие доживеале тажни и тешки моменти како и вие. Понекогаш биле дури и во потешка ситуација. Не може да се натерате да ви се допаѓаат. Но мора да бидете свесни дека тие се човечки суштества.

3. Погледнете ги подобро деталите, особено тие кои се наоѓаат во природата. Обрнете внимание на различните лисја во природата. Набљудувајте го зајдисонцето со своите очи и не споделувајте ги сликите на социјалните мрежи. Вдишете чист воздух веднаш откако ќе заврне и помислете на фактот дека само неколку нешта мирисаат подобро.

4. Прочитајте за начините со чија помош може да имате поубави утра, попродуктивни денови или порелаксирани попладниња и научете како всушност да ги искористите, наместо само да се преправате. Нека нема повеќе „тоа звучи убаво… можеби еден ден“. Всушност, одете на прошетка напладне, или понесете книга која може да ја читате на паузата за ручек, наместо бесцелно да скролате на телефонот. Испијте една шолја топол чај од камилица пред да си легнете или 5 минути седете на подот и медитирајте.

5. Кога се туширате, оставете го телефонот во другата соба. Опуштете се во кадата со топла вода. Едноставно бидете свои и одморете се. Не мислете на ништо, освен на чистотата.

6. Бидете свои, без разлика со кого разговарате и не обидувајте се да го објасните вашето постоење пред сите. Изберете го она што мислите дека е правилно, внимавајте на себе и секогаш потрудете се да им го разубавите денот на другите.

7. Прегрнете ја личноста која ви значи најмногу од сѐ и ценете го фактот, барем за две секунди, дека таа е топла и жива и дека можете да почувствувате како нејзиното срце бие за вас. Ова се малите моменти кои подоцна ќе ни недостигаат, бидејќи никогаш не сме ги ценеле.

Бидете овде и бидете свои, најмногу што можете. Останете будни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар