Како да направите вашата долга коса да изгледа кратко?
Дали некогаш ви се случило да посакате да имате кратка коса на само еден ден, без притоа да морате навистина да ја скратите? Погледнете ја оваа интересна фризура со која ќе направите вашата долга коса да изгледа кратко и прекрасно.
1. Поделете ја косата на два дела, од едното уво до другото.
2. Соберете го горниот дел од косата за да не ви пречи.
3. Соберете го долниот дел од косата во коњско опавче.
4. Извртете го коњското опавче во мала пунџа и закачете го со шнола рамно на вашата глава.
5. Потоа ослободете го горниот дел од косата и поделете го на неколку мали прамени.
6. Превиткајте ги малите прамени на пола, закачете ги одоздола и обидете се да ги скриете малите шнолички.
7. Откако ќе ги закачите сите прамени, со фигаро внимателно извиткајте ги малку прамените. Оваа постапка ќе им даде поприроден изглед.
8. По ваш избор можете да додадете декоративни додатоци на вашата нова фризура.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ili moze da ja skratite