Како да направите совршено тесто за пица?

Како да направите совршено тесто за пица?

Секој кој некогаш приготвувал пица знае дека не е лесно да се погоди тестото, односно е тешко да се открие како би било најсовршено. Со помош на овој рецепт ќе можете да ги изненадите вашите најблиски, правејќи им ја најубавата пица која некогаш ја пробале.

Како да направите совршено тесто за пица?

Потребни состојки:
  • 600 г брашно
  • 5 г сув квасец
  • 300 мл млеко
  • 250 мл топла вода
  • 200 мл маслиново масло
  • 2 лажици сол
  • 1 лажица шеќер
Начин на подготовка:

1. Во голем сад ставете ги брашното, солта и шеќерот, убаво измешајте ги и потоа во средина направете дупка. Во дупката ставете го сувиот квасец, а потоа додадете го млекото и водата и почнете да го замесувате тестото, постепено додавајќи маслиново масло.

2. Тестото оставете го на собна температура околу половина час и потоа кога ќе нарасне префрлете го на набрашнета површина и почнете одново да го месите. Потоа, вратете го во садот и оставете го одново да отстои уште еден час. По еден час префрлете го тестото на рамна површина и со раце почнете нежно да го развлекувате. Кога ќе почне да пука, продолжете да го растегнувате до дебелина од еден сантиметар со помош на сукало.

3. Тестото префрлете го на плех за печење, додадете ги вашите омилени состојки и испечете ја пицата.

Совет:

За посолување на брашното, секогаш користете морска сол, бидејќи помага за нараснување на тестото. Исто така водата и млекото, задолжително подгревајте ги пред да ги употребите за тестото.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар