Како да направите совршена „мокра“ фризура?
Овој стил на фризура најчесто го гледаме на модните писти, едиторијалите и црвениот тепих. Ваквата фризура е идеална за лето, лесно се прави и одржува, а изгледа прекрасно. Со само 3 чекори можете да ја направите, а сè што ви е потребно е само мала количина кокосово масло, производ за обликување коса и вештина во вашите прсти!
За почеток, добро би било косата да е свежо измиена, па на неа нанесете го кокосовото масло, но внимавајте тоа да не е премногу ладно. Потоа, расчешлајте ја косата со прстите за да се осигурите дека секој прамен е намрсен. На крај, разбушавете ја косата со прстите и нанесете производ за обликување коса по ваш избор. Многу едноставно, зар не?
Погледнете го видеото за подетални инструкции и пробајте ја уште веднаш оваа модерна фризура:
Погледнете ги и овие прекрасни фризури со плетенки што се вистински хит ова лето!