Како да направите перфектни кадрици на вашата коса?
Секоја жена би сакала во секој момент од животот да изгледа беспрекорно добро. Физичката убавина прави жената да се чувствува самоуверено, моќно и сексапилно и е првото нешто по кое ќе биде забележана од страна на спротивниот пол. Убава шминка, маникир и педикир, стилска облека, блескава коса и соодветни модни додатоци се дел од секојдневието на жените.
Откако ќе ја изберете облеката за соодветната пригода и ќе ставите шминка, ви преостанува уште да смислите што да направите со вашата коса. Кадриците никогаш нема да излезат од мода, а прават да изгледате елегантно, гламурозно и секси. Но, како ли самите да направите убави кадрици на вашата коса?Сè што ви треба е пегла за виткана коса, штипка, четка, чешел и специјален лак кој не ја оштетува косата во допир со топлина. Нема да потрошите повеќе од половина час, а ако ја накадрите како што е прикажано во видеото, ќе имате бесплатна фризура во текот на целата недела.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.