Како да направите игротека во вашиот дом?
Пристигнаа топлите и сончеви денови, но заради сегашната ситуација не сте во состојба целосно да уживате во нив. За семејствата со деца, ова е голем предизвик. Многу е тешко децата да останат дома и за да не се досадуваат потребно е да им го направете што е можно позабавно времето во затворениот простор. Децата се најважни на свет, па затоа дизајнерите на ентериер дошле до неколку идеи да им помогнат на родителите времето поминато дома со најмладите да биде поквалитетно.
1. Готвење (и играње) со малите готвачи
Децата сакаат да бидат возрасни, па кујната може да стане место за дружење и креативна забава. За да ви се придружат и бидат еднакви со вас, добро е да имате преносна скала (за децата да достигнат до работната површина), но малите готвачи можат да работат и на мала кујна соодветна за нив и да користат детски прибор кој е безбеден. Додека малите готвачи вешто ја подготвуваат храната, може да ги чекаат и гостите, нивните плишени играчки.
2. Мултифункционален мебел за различните потреби на децата
Сега, кога поминувате поголем дел од времето дома, важно е мебелот да биде разновиден и прилагодлив за да ги задоволи потребите на децата. Масата во дневната соба може да биде одлично место за интерактивни игри, особено доколку на сè додадете доза креативност и низ масата залепите ленти со ознаки. По играта, реквизитите можете да ги ставите под масата во корпа за складирање.
3. Ослободете го подот во дневната соба, нека стане простор за слобода и креативност!
На слободната игра често и е потребно многу простор за слободно движење. Ослободете го подот во дневната соба за децата да можат да ја користат својата имагинација и креативност. Во овие игри може да помогнат и теписите кои во еден момент може да се претворат во „море“, како и во „терен“ за спорт.
4. Едноставно направете соба во соба
Децата сакаат да имаат свое место за играње. Со подлога за вежбање лесно можете да го преградите просторот и да направите соба во собата, а во тоа може да ви помогне и мал шатор. Чаршавите и перниците можат да придонесат децата да скокаат и да си играат, но и да создадат свои кралства за игра.
5. Детски театар во домот
Иако децата моментално не можат да ги посетуваат театрите за деца, тие лесно може да создадат нивни. Со потемни завеси можете да направите театарска атмосфера и сцена за мали детски претстави. Особено ќе им се допадне доколку возрасните ги заземат позициите во првиот ред, па затоа ќе бидат потребни и неколку столчиња. Со плишените играчки може да се направи и куклена претстава.
6. Активности на балконот
Доколку имате балкон или тераса, децата сигурно ќе уживаат во активностите надвор. Пластични шарени столчиња и маса можат да бидат инспирација за нивната креативност, а предноста е во тоа што тие лесно се пренесуваат од просторја во просторија. Вештините за цртање децата можат да ги покажат на подот. Знаете дека децата сакаат да се кријат, па активна игра за децата би била да им направите тунел со соодветна подлога.
Можеби сакате да прочитате и за 6-те способности што децата ќе ги развијат подобро надвор од училницата.