Претходно
Како да направите гумени бонбони со вкус на Кока-кола?
Нема кој не сака гумени бонбони, а овој рецепт е за сите на кои омилени им се оние во облик на мали шишенца Кока-кола со соодветниот препознатлив вкус
Потребни состојки:
- 20 г желатин во прав (без вкус)
- 120 мл вода
- 1 неполна чаша Кока-кола
Начин на подготовка:
- Ставете ја водата во тенџере, додадете го желатинот и оставете го да отстои 10 минути.
- Потоа загрејте ја смесата на средна температура, постојано мешајќи, додека не постане течна.
- Течноста која ќе ја добиете малку нека отстои, па потоа сипете ја во чаша претходно скоро наполнета со Кока-кола и така ставете ја во фрижидер да отстои 24 часа.
- Кога ќе ја извадите, пред вас ќе имате голема гумена бонбона која потоа можете да ја обликувате по желба.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.