Како да најдете смисла во духовноста без религија?

Како да најдете смисла во духовноста без религија?

Ако соберете 1.000 луѓе во една просторија и ги прашате што за нив претставува духовноста, најверојатно ќе добиете 1.000 различни одговори. Кога се гледа надвор од контекстот на религијата, духовноста нè поврзува со димензија од животот што е поголема од нас. На крајот на денот, секој од нас сака да го пронајде својот пат низ животот, а духовноста може ни да помогне во тоа. Погледнете како да живеете подуховно, без разлика на вашите религиски верувања.

Како да најдете смисла во духовноста без религија?

1. Одвојте 10 минути за да го исчистите умот кога ќе се разбудите

Вие ја имате моќта да ги насочите вашите мисли во позитивна насока, позитивна за вас, за другите и за светот. Одвојувањето само 10 минути секојдневно за да бидете мирни и да се поврзете со нешто поголемо од вас е одличен начин да го направите тоа. Обидете се и почнете со вежбање медитација или јога, прочитајте некој инспиративен текст или прошетајте во природа.

2. Бидете им корисни на другите

Опсесијата со вашите лични желби и потреби не создава среќа, туку изолација. Научете како да бидете корисни и почнете едноставно. Понудете го вашето место во јавен превоз, насмејте ѝ се на личноста којашто ви го подготвува кафето, навистина слушајте ги другите без да им судите.

3. Не ви е потребно егзотично патување за да најдете смисла

Ако не можете да си дозволите патување до џунглата, не значи дека не можете да ја пронајдете вашата духовност. Најважното нешто кај духовноста е тоа што се случува тука и сега. Нема врска со нештата што ги правите, туку со личноста којашто сте. Вашиот живот е токму онаков каков што треба да биде за вашиот духовен развој.

4. Истражете што значи духовноста без религија за вас

Читајте книги, гледајте видеа, одете на конференции и работилници. Најдете идол кој ја претставува духовноста според вашата замисла и изучувајте ги неговите техники, но притоа секогаш останете свои.

5. Нека биде едноставно

Духовниот успех не е поврзан со слава, моќ или пари. Тој е да знаете дека сè е совршено и дека сите сме едно. Има моќ која држи сè на своето место. Од оваа точка на верување и внатрешен мир можат да излезат значајни дела.

Погледнете и која е важноста на духовноста во животот на човекот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар