Како да најдете надеж дури и во најтемните моменти?
Животот нема да ви биде лесен само затоа што сте добра личност. Тој ќе биде исполнет со тешкотии и проблеми низ кои ќе мора да се борите за да преживеете – но тоа и ќе го направите! Само треба да научите како да ја препознавате надежта дури и во најтемните моменти и набрзо ќе го здогледате светлото на крајот од тунелот низ кое се движите! Еве како да го сторите тоа…
1. Потсетувајте се на стари спомени
Кога се чувствувате како сегашноста да ви е исполнета само со болка, избегајте накратко во минатото. Размислете за сите оние добри времиња што сте ги поминале со пријателите и семејството и потоа јавете им се за заеднички да се потсетите. Запомнете, штом еднаш сте успеале да бидете среќни, што ве спречува да го сторите тоа повторно?
2. Читајте инспиративни цитати
Кога се чувствувате како да сте го допреле дното, побарајте помош од оние што успеале да ја надминат истата ситуација. Слушајте инспиративни говори, пребарајте инспиративни цитати и споделете ги со вашите сакани. Можете дури и да ги наместите најмотивирачките зборови како ваш нов скринсејвер за да се исполнувате со надеж секогаш кога ќе го вклучите компјутерот.
3. Почнете со некаква физичка активност
Многу е тешко да ја одржувате надежта жива доколку се држите за огорченост и омраза. Токму затоа и треба да ја испуштите вашата агресија така што ќе се вклучите во нешто физичко, како на пример, кикбокс или карате. Откако ќе ја исфрлите насобраната негативна енергија, ќе се опуштите и ќе му дозволите на телото одново да може да дише, вие многу полесно ќе најдете надеж.
4. Напишете позитивна приказна
Со своите сопствени зборови, отворете си го патот до надежта. Напишете фиктивна кратка приказна за личност што минува низ интензивни битки, но е доволно силна да се извлече жива. Личност што е ментално силна – исто како и вас! Дозволете им на вашите карактери да ви дадат надеж.
5. Разговарајте со некого кому му верувате
Дури и кога ви изгледа дека некој ги има сите нешта под контрола, длабоко во себе тие може да страдаат. Можеби се чувствуваат на истиот начин како и вие. Никогаш не можете да бидете сигурни сѐ додека не разговарате, па споделете ги вашите стравови и обидете се да ги смирите нивните. Вие ќе најдете надеж во нивните очи, а тие во вашите.
6. Погледнете ги деца
Кога се чувствувате како целата надеж да е изгубена, фрлете поглед околу вас. Ако немате доволно сила да ја подобрите иднината за себе, направете го тоа за децата, за тие да можат да живеат подобар живот од вашиот и да ги прават сите оние нешта што вие никогаш не сте можеле.
7. Поминувајте повеќе време во природа
Шетањето на отворено небо, рака под рака со личност што ја љубите, може да ви помогне конечно да ја забележите убавината на светот. Додека се воодушевувате на мекоста на тревата и начинот на кој танцуваат лисјата на ветрот, запомнете дека сте дел од природата. Вие сте поврзани со сѐ! И сте исто толку прекрасни како и сѐ околу вас!
Прочитајте ги и овие инспиративни цитати што ќе им ја вратат надежта на сите оние кои поминуваат низ тежок период,