Како да најдете љубов што ќе трае?

Како да најдете љубов што ќе трае?

Тоа што се сингл и што не можат да ја најдат вистинската љубов е сè уште една од најголемите борби со кои луѓето се соочуваат, без разлика колку се успешни во другите аспекти од нивниот живот. Иако ви изгледа дека сте сами во оваа битка, имајте на ум дека голем процент од населението на планетата Земја е сингл, од кои милиони секојдневно и активно бараат љубов преку онлајн сајтови за запознавање. Причините за тоа што се сингл можат да бидат различни кај секого…

kako-da-ja-najdete-vistinskata-ljubov-kafepauza.mk

Подолго време сте сами

Или немате време за љубовни состаноци и вистински да запознаете некого, или едноставно не сте можеле да го најдете партнерот кој ги исполнувал вашите барања. Како и да е, поминало извесно време што сега предизвикува да ви биде потешко да се вратите во игра и да почнете од нула.

Сте доживеале многу скршени срца во минатото

Не е ретко луѓето кои имале непријатни искуства да се чувствуваат несигурно штом се најдат во слична ситуација. Без разлика колку тешко изгледа, или што се случило во минатото, за многу луѓе љубовта сепак вреди да се бара. И вие сте едни од нив штом го читате ова. Вие сте личност со јасна цел – сакате љубов што носи среќа и љубов, што е вистинска, искрена и што трае. Но знаењето што сакате не секогаш резултира со добивање на истото.

Секој кој бил сингл знае дека барањето љубов може да биде вистински предизвик. Првото прашање што ви доаѓа на ум е: „Како всушност се бара љубовта?“ Тогаш, сигурно ќе се запрашате дали и воопшто треба да ја барате. Зарем не е тоа нешто што или се случува или не? Дури и кога ќе сретнете некого, како навистина да го запознаете? Или пак, можеби имате проблем со идентификување на вистинската личност за вас. И конечно, како да ги избегнете истите лоши избори и грешки?

Како да ја најдете вистинската љубов?

Љубовта не доаѓа кога ја бараме, ниту пак на сила. Баш напротив, вистинската љубов што трае доаѓа кога ќе престанете да ја барате надвор од себе. Наместо да ја барате љубовта во луѓето кои ги среќавате, треба да го свртите вниманието кон вас самите. Како да го сторите тоа, прочитајте во продолжение…

1. Работете на себе

Како што вели познатиот принцип за привлечност – ние го привлекуваме тоа што сме. Затоа, ако сте личност која бара другите да ви ја овозможат љубовта што ја немате, шансите се дека ќе среќавате токму такви луѓе. И натаму приказната ви е позната. Од друга страна, размислете за луѓето кои ги познавате. Сигурно секој од вс има барем еден пријател, или роднина, кој едноставно наоѓа љубов каде и кога сака. Овие луѓе имаат нешто заедничко – се сакаат себеси. Да се сакате себеси значи да прифатите кои сте, да не ви е грижа што другите мислат за вас, да го правите она што го сакате најмногу и да си дадете целосна поддршка. Тогаш, пораката која ја испраќате укажува на личност која лесно се љуби и нема потреба од вниманието на другите.

2. Не брзајте

Не можете да ја брзате љубовта. Ако сте изморени од чекање многу лесно можете да паднете во стапицата на избрзување и влегување во врска со првата личност што ви се чини добра, без притоа вистински да ја запознаете. Со брзање на работите многу е поверојатно да се жртвувате. Ова ќе ве остави огорчени откако ќе размислите убаво.

3. Среќавајте нови луѓе

Со цел да ги скршите сите негативни размислувања, треба да излезете надвор на нов начин. Додека шансите да сретнете „материјал за врска“ во бар се 9 проценти за жените и 2 проценти за мажите, зошто да не пробате со некои други активности каде што можете да сретнете интересни луѓе? Можеби дури и идната љубов. Ако имате куче, парковите се одлично место за вас и за вашиот крзнен пријател да сретнете луѓе со исти желби. Друг начин за сретнување луѓе е преку омилената тема на сите – храната. Во зависност од храната која ја сакате, можете да најдете часови за готвење или какви било собири во врска со храна, каде што ќе можете да најдете луѓе кои го делат вашиот вкус.

4. Не верувајте секогаш во љубов на прв поглед

Една од најголемите недоразбирања за љубовта што трае е дека тоа мора да биде инстантно привлекување помеѓу две индивидуи. Во реалноста, физичката привлечност може да биде важен фактор, но исто така може да е погрешна и да трае кратко. Ова е причината зошто некои луѓе кои прво биле пријатели, најчесто имаат врски кои се силни, здрави и кои траат.

5. Не се задоволувајте со просечна врска

Сите ние можеме да почувствуваме што претставува вистинска врска за нас, без разлика колку разочарувања биле потребни за да стигнеме до таму. Затоа, должни сме кон себе да не се помируваме со ништо што е помалку од тоа. Прифаќањето на врска што е само добра и сосема обична од страв да не бидеме сами ни го скратува скапоценото време кое можеме да го искористиме за да се фокусираме на себе и да ја сретнеме личноста која е вистинска за нас.

Ова не значи дека вистинската и љубовта што трае е совршена. Нема никој со кој совршено би се совпаднале и никогаш не заборавајте го тоа. Но без сомнение е потребен помал напор да се работи на врска со личност со која ги делиме дели истите цели и соништа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар