Како да најдете баланс помеѓу вашите пријатели и партнерот?

Како да најдете баланс помеѓу вашите пријатели и партнерот?

Па, имате нов дечко/девојка и работите помеѓу вас одат супер. Не можете да бидете посреќни. Но, вашите пријатели ви даваат до знаење дека можеби не поминувате доволно време со нив. Тие ви велат дека во последно време едвај ве гледаат бидејќи постојано сте одвлечени од вашата нова љубов.

Како да најдете баланс помеѓу вашите пријатели и партнерот

Кога запознаваме некоја нова личност која навистина ни се допаѓа, нормално е да сакаме да поминуваме многу време со неа. Сè е ново и возбудливо и едноставно сакате да сте покрај таа личност. Па, што треба да направите за да не ги изгубите пријателите во оној период кога вашето срце посакува да го поминува целото време со само една личност?

Организирајте го вашето време

Балансирањето на времето помеѓу вашата врска и вашите пријатели не мора да биде тешка задача. Лесно можете да најдете доволно време да се гледате и со двете страни. Поделете ги сите денови во неделата подеднакво помеѓу вашите пријатели и дечкото/девојката. Запомнете, постојат две најважни викенд-вечери. Поради тоа можете да ги посетите ноќните клубови со вашите пријатели во петок и потоа да гледате добар филм со вашиот партнер во сабота. Или ако повеќе сакате викендите да ги поминувате со вашиот партнер, тогаш организирајте излегувања со пријателите во текот на неделата.

Како да најдете баланс помеѓу вашите пријатели и партнерот

Секако, не мора строго да се држите до распоредот. Можете секоја недела да го менувате, но притоа не заборавајте дека треба да им овозможите подеднакво внимание и на двете страни. На овој начин и вашите пријатели нема да се чувствуваат запоставено и вашиот партнер едвај ќе чека да ве види бидејќи нема да го поминувате целото ваше слободно време заедно.

Групни излегувања

Трето тркало? Не мора да значи… Сега кога сте постари и позрели, знаете дека можете сите да бидете пријатели. Ако вие и вашиот партнер решите да правите нешто забавно како одење на билјард или на базен, викнете ги и вашите пријатели да дојдат со вас. Двојните состаноци и групните излегувања се одличен начин да ги видите истовремено и вашите пријатели и вашиот партнер.

Како да најдете баланс помеѓу вашите пријатели и партнерот

Слушајте

Се сеќавате ли оној пат кога се скаравте со вашиот партнер и потоа се јавивте кај вашиот/вашата најдобар/најдобра пријател/ка во 3 по полноќ за да разговарате? Епа, само затоа што имате некој покрај себе, не значи дека сте единствените со проблеми. Вашите пријатели исто така поминуваат низ тешки периоди и ќе сакаат да бидете покрај нив исто така како што тие некогаш биле покрај вас.

Како да најдете баланс помеѓу вашите пријатели и партнерот

Многу е лесно да се „изгубите“ во драмата на една врска, но не заборавајте дека понекогаш треба да ги прашате и вашите пријатели како се за да не се чувствуваат запоставено. И кога ќе имаат нешто да споделат со вас, оставете ги да зборуваат наместо да се обидувате да ја промените насоката на разговорот повторно накај вас и вашиот љубовен интерес.

Размислувате долготрајно

Работите се супер помеѓу вас и вашиот партнер во овој момент. Но, што ќе се случи по неколку месеци или години од сега? Ако работите тргнат во лоша насока, вашите пријатели ќе ви бидат потребни повеќе од кога било претходно. Ова е уште една добра причина да сфатите зошто е важно да продолжувате да „инвестирате“ во вашето време со пријателите и покрај тоа што имате нова љубов. Ако си дозволите сега да ги изгубите, кој ќе ви го понуди своето рамо за плачење ако го изгубите и дечкото/девојката?

Како да најдете баланс помеѓу вашите пријатели и партнерот

Никогаш не заборавајте, вашите пријатели беа први покрај вас и големи се шансите дека ќе останат таму дури и ако вашиот партнер си отиде. Но сепак, сè зависи од вас и од вашата желба да ги задржите покрај себе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар