Како да му помогнете на вашето дете ако е жртва на малтретирање?

Како да му помогнете на вашето дете ако е жртва на малтретирање?

Смртта на 9-годишниот Џамел Мајлс кој се убил поради хомофобично малтретирање го потресе светот. Леја Рошел Пирс од Денвер, Колорадо, изјавила дека нејзиниот син бил горд што им кажал на неговите соученици дека е геј.

Прво ѝ кажал на мајка му во текот на летото, но кога се вратил на училиште не спомнал ништо за малтретирањето. Четири дена од почетокот на наставата, мајка му го пронашла мртов. Најстарата ќерка на Пирс, по неговата смрт ѝ кажала дека Џамел бил малтретиран.

„Син ми си дошол дома и ѝ кажал дека децата од училиштето му викале да се убие. Не ми кажа ништо и тоа ме боли бидејќи ќе го разберев и ќе го одбранев. Се чувствувам одговорно бидејќи не ја видов болката во очите на моето малечко. Моја е вината, не знаев.“

Малтретирањето е сериозен проблем во училиштата, а благодарение на онлајн комуникацијата, дел од малтретирањето се случува и на социјалните мрежи. Едно истражување покажало дека 40% од младите се малтретирани за нивните академски способности, а над 39% изјавиле дека ова имало влијание на нивните оценки.

Речиси половина од учениците кои припаѓаат на ЛГБТ заедницата се малтретирани поради личностите коишто сте. 46% од младите се анксиозни кога станува збор враќањето во училиште поради малтретирањето, а 70% од родителите сметаат дека наставниците не прават доволно за да го спречат ова.

Доколку и вашето дете е жртва на малтретирање, постојат неколку начини на коишто можете да му помогнете.

1. Кажете му дека не е слабо бидејќи е малтретирано

Доктор Мајкл Дјук, психијатар кој има над 30 години искуство во работа со деца изјавил:

„Малтретирањето цути во тајност и малтретирачите постојат кога малтретираната личност се чувствува немоќно. Луѓето кои се малтретирани не се жртви, тие се луѓе кои неправилно станале нечија мета. Потребна е вистинска храброст да се побара помош.“

2. Охрабрете го да зборува

Доктор Мајкл додал дека малтретирачите контролираат благодарение на таинственоста. Охрабрете го вашето дете да разговара за сите проблеми што ги има на училиште и нагласете дека ова ја намалува моќта на малтретирачот.

„Моето професионално и лично искуство ми покажа дека штом некој ќе побара помош, патот кон поддршката и безбедноста станува јасен. Секој има право да се чувствува безбедно.“

Тој ги охрабрува возрасните и децата да побараат помош кога се малтретирани. Молчењето само ќе му даде сила на малтретирачот.

3. Побарајте поддршка од детските организации

Организациите што ги подржуваат членовите на ЛГБТ заедницата ги охрабруваат родителите да соработуваат со нив со цел да им помогнат на нивните деца.

„Секоја година имаме ден за семејство и пријатели каде што луѓето можат да споделуваат и да созреваат заедно. Ако родителите сметаат дека на децата им е потребна поддршка, контактирајте ги организациите.“

4. Предизвикајте ги училиштата што не интервенираат кога има малтретирање

Професор Иан Риверс, директор на Училиштето за образование на Универзитетот во Глазгов изјавил дека училиштата треба да бидат одговорни за нивните ученици.

„Важно е училиштата да ги заштитат млади луѓе кои се идентификуваат како лезбејки, геј, бисексуалци или трансродови личности. Факт е дека луѓето се прашуваат за нивната сексуална ориентација во основно и средно училиште. Ова ја демонстрира изолацијата и немоќта што ја чувствуваат кога се малтретирани. И родителите треба да бидат силни и да ги предизвикаат училиштата што не дејствуваат. Потребно е да се најде интервенција што функционира со сите видови малтретирање, но интервенциите кои промовираат тренирање на социјални и емоционални вештини се покажуваат како успешни.“

Тој исто така додал дека ниту едно 9-годишно дете не треба да помисли дека самоубиството е единствениот излез од малтретирањето.

„Додека има навистина многу посветени наставници, училишта и власти кои се обидуваат да го спречат малтретирањето на ЛГБТ заедницата, она што се случи со Џамел е болен потсетник дека има уште многу работа. Училиштата треба да бидат место каде што секоја млада личност се чувствува безбедно.“

Дознајте и кои се 5-те важни разговори што треба да ги имате со вашето дете пред да наполни 10 години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар