Како да му помогнете на партнерот кој бил изневерен во претходната врска?

Како да му помогнете на партнерот кој бил изневерен во претходната врска?

Жените не се единствените кои имаат проблеми со довербата и мажите не се единствените кои изневеруваат. Без оглед на полот, и најдобрите партнери можат да доживеат неверство. Поголемиот дел од мажите не можат да преминат преку неверството и тоа за нив е доволна причина за да ја прекинат врската. Доколку моментално сте со некој кој во минатото имал неверна партнерка, тогаш си имате работа со човек кој има големи проблеми со стекнувањето доверба.

Како да му помогнете на партнерот кој бил изневерен во претходната врска?

На мажите кои биле изневерени им треба многу време за да ја вратат вербата во жените. Понекогаш со години остануваат сингл, криејќи се во нивните пештери од кои излегуваат само повремено во случај да се почувствуваат премногу осамени. Жените многу полесно го преболуваат неверството, бидејќи тие не се срамат да разговараат за нивните проблеми со пријателите, семејството или со терапевт. На мажите, пак, потешко им е да разговараат за она што им ги повредило чувствата и егото, затоа што мислат дека така ќе изгубат дел од нивната машкост.

Мажите кои биле изневерени многу потешко се отвораат, заземаат одбранбен став, се плашат да се приврзат, а понекогаш знаат да бидат и малку арогантни и нечувствителни. Нивната самодоверба е скршена и токму затоа се однесуваат на начин кој тешко може да се разбере. Честопати играат „топло-ладно“ поради што никогаш нема да знаете на што сте и каква е вашата врска.

Но, немојте да ги сфаќате овие работи премногу лично. Ако вашите чувства кон него се вистински и навистина сакате да ви успее врската, тогаш ќе морате да направите неколку работи што ќе ги решат неговите проблеми со довербата. Ќе треба да бидете многу трпеливи, посветени и внимателни, но ако станува збор за маж што ретко се наоѓа, целиот труд нема да ви биде залуден.

Па, како да бидете во врска со маж кој бил изневерен? Првиот чекор е да ја стекнете неговата доверба. Изневерениот маж е несигурен, љубоморен и параноичен. Иако можеби ви се чини ова како невозможна мисија, не заборавајте дека тој ќе ги сруши неговите ѕидови само за личноста која ќе ја заслужи неговата доверба. Ова се трите начини на кои ќе можете да му помогнете…

1. Зголемете ја неговата самодоверба

Мажот кој во минатото имал искуство со неверна партнерка сега има повредено его. Тој сигурно се прашува дали е сѐ во ред со него и што е она што не можел да ѝ го даде на поранешната партнерка, па таа морала да го побара во прегратките на друг маж. Иако неговото его е негова работа, постојат неколку работи што можете да ги направите за да ја зголемите неговата самодоверба.

Помогнете му да сфати дека врската не пропаднала поради негова вина и дека секој проблем што ќе се јави понатаму во вашата моментална врска не треба да го смета за личен неуспех. Не штедете на комплименти. Слободно пофалете го неговиот изглед, но обрнете повеќе внимание на неговите вештини. Ако тој е одличен љубовник, кажете му го тоа. Дајте му до знаење дека е успешен во неговата работа и дозволете му да ви ги покаже сите негови скриени таленти. Тој ќе си ја поврати неговата самодоверба, бидејќи нашол некој кој го цени поради неговите способности.

Како да му помогнете на партнерот кој бил изневерен во претходната врска?

2. Не му давајте причина да биде љубоморен

Вие можете да му ветите дека никогаш нема да го изневерите, но делата зборуваат погласно од зборовите. Жените понекогаш сакаат намерно да предизвикаат љубомора кај мажите за да им дадат до знаење дека се посакувани и дека лесно би можеле да си најдат замена. Во овој случај никако не смеете да го направите тоа! Никогаш не му давајте повод да се посомнева во вас. Запознајте го со вашиот круг на пријатели за да не мора да се прашува кои се луѓето со кои се дружите и каков е вашиот однос со нив. Ако тој почувствува дека сте го вклучиле во вашиот свет, нема да мисли дека се обидувате да скриете нешто од него.

3. Имајте разбирање за неговата параноја

Можеби ќе почне да ве прашува зошто не сте одговориле веднаш на неговата порака, зошто не сте му кажале каде ќе одите мината вечер или кој е тој дечко што ви кажал „Здраво“. Разбирливо е што ваквото однесување ќе ви оди на нерви, но сетете се дека и вие понекогаш се однесувате на истиот начин, без разлика дали сте биле изневерени или не. Бидете трпеливи и со текот на времето неговата параноја ќе исчезне.

Врската со маж кој има проблеми со довербата навистина бара многу труд и работа и нормално е понекогаш да бидете фрустрирани. Морате да процените дали тој вреди за целиот напор или не. Најпаметното нешто што можете да го направите е да го следите вашето срце.

Прочитајте и што треба да запаметите пред да почнете врска со девојка која била изневерена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар