Како да му покажете на партнерот дека сте заинтересирани за сериозна врска?
Обично кај мажите чувствата се развиваат побавно, им треба повеќе време да ги забележат или не ги земаат предвид. Можеби вашиот партнер ужива во забавата на вашиот однос, но вие веќе сте го испланирале вашиот заеднички живот. Но понекогаш ова може да биде вистински рецепт за катастрофа – партнерот ќе се почувствува згушено и можеби ќе сака да избега. Покрај тоа, ова не е добро ни за вас. Што ако подоцна сфатите дека тој всушност не бил вистинскиот? Затоа најдобро е да му покажете на партнерот дека сте заинтересирани за сериозна врска пред да преземете што било и да им дозволите на нештата да се одвиваат на свој начин. Погледнете како да го направите тоа.
1. Не штедете на комплименти
И мажите сакаат да слушаат убави работи за нив. Односно, тие сакаат да знаат дека ги гледате во добро светло и уживаат во комплиментите исто колку и жените. Покажете му на партнерот дека ви станува сè поубаво и попријатно во неговото друштво, а не заборавајте и на комплиментите за физичкиот изглед. На овој начин тој ќе се чувствува моќно и ќе сака да ви покаже дека навистина е личноста којашто ја гледате.
2. Не брзајте премногу на интимните состаноци
Доколку партнерот ве покани кај него на романтична вечер, на филм или на кафе, подобро е да му предложите да прошетате или да излезете некаде. На овој начин ќе му покажете дека сакате подобро да го запознаете пред да бидете интимни со него. Често мажите го ценат ова, без разлика колку се нестрпливи. Покрај тоа, овие излегувања ќе ви помогнат да ги пронајдете вашите заеднички интереси и да научите нешто повеќе еден за друг.
3. Покажете ги вашите возбуда и задоволството
Покажете му на партнерот колку сте среќни што сте излегле заедно, тоа навистина ќе му годи. Исто така разговарајте за работи што ги сакате, што ве радуваат и што ви ја зголемуваат енергијата. Кажете која е вашата страст и што сакате да правите. На овој начин ќе откриете подлабоки детали за вас, нешто што е навистина важно во врската. Не е многу важно да сакате исти работи, туку да ја препознаете страста за нив. На овој начин подобро ќе се разбирате и ќе развиете толеранција и прифаќање еден кон друг.
4. Не праќајте му пораки туку јавете му се
Наместо бескрајното допишување и чекање одговор, зошто да не му се јавите? Прашајте го како му поминал денот, кажете му дека сте сакале да го чуете, на кратко кажете што сте правеле вие. На овој начин ќе ја одржите комуникацијата и ќе имате некаков увид во неговиот живот и начин на функционирање. Исто така ќе му покажете дека ви значи. На овој начин ќе му покажете и дека имате самодоверба и дека не ве интересираат игри, а со тоа веднаш ќе се истакнете.
Дознајте и како да откриете дали партнерот сака сериозна врска.