Како да му кажете на пријател дека сте заљубени во него?

Како да му кажете на пријател дека сте заљубени во него?

Често се случува некој да се заљуби во пријателот со кој поминува голем дел од своето време. Но, тука секогаш се поставува и прашањето: „Дали и тој/таа го чувствува истото?“ За да го дознаете одговорот, едно од решенијата е искрено да му кажете што чувствувате, но сепак треба да сте внимателни како тоа ќе го изведете. Ова се неколку совети кои е пожелно да ги знаете.

Како да му кажете на пријател дека сте заљубени во него?

1. Никогаш не смеете да брзате. Секогаш прво треба добро да размислите за своите чувства и да сфатите дали сте навистина заљубени или станува збор за минлива фаза. Во случај да не сте заљубени, може да се случи врската да пропадне брзо, па да останете и без партнер и без пријател.

2. Кога ќе му/ѝ признаете дека сте заљубени во него/неа, не е лошо и да појасните дека и понатаму сакате да останете пријатели, без разлика дали и тој/таа го чувствува истото или не.

3. Кога разговарате со него/неа, убаво слушајте што зборува, бидејќи можеби ви дава знаци кои вие не ги забележувате. Низ разговорот можете да дознаете дали тој/таа чувствува нешто за вас.

4. Можеби и тој/таа е заљубен/а во вас, а не сте го забележале тоа досега. Обрнете внимание на сигналите кои ви ги испраќа. Доколку често ве допира, гушка, ви дава комплименти и низ шала ви кажува дека би биле многу супер пар, тогаш со сигурност има нешто.

5. Доколку имате можност разговарајте со некои негови/нејзини пријатели, бидејќи тие со сигурност знаат нешто.

6. Пробајте да флертувате со него/неа и следете ја реакцијата. Ако го прифати флертувањето, време е да преземете нешто, но доколку се повлече, тогаш не е добро време да ги искажете вашите чувства.

7. Кога ќе одлучите да му/ѝ кажете дека сте заљубени во него/неа, бидете искрени и верувајте во своите инстинкти. Кажете го тоа на наједноставен начин, без многу заобиколувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар