Како да комбинирате металик елементи во вашиот стил?

Како да комбинирате металик елементи во вашиот стил?

Металикот е ултразастапен во модата, но сепак не е лесно да се комбинираат вакви елементи за секојдневен изглед. Тенка е линијата помеѓу шик изгледот и изгледот на робот. Затоа, еве 8 стилски начини на кои можете да комбинирате металик елементи во вашиот стил.

1. Комбинирајте со други трендови

Ако се плашите да носите металик, комбинирајте го со друг тренд кој е посуптилен и не привлекува толку внимание како оригиналниот металик. Ако имате металик фустан, искомбинирајте го со пепла. Металик здолниште оди одлично со едноставна црна маичка, a едноставниот црн фустан ќе го зачините совршено со металик чанта. Балансирајте го впечатокот со едноставни црни чевли на тенка штикла.

Како да комбинирате металик елементи во вашиот стил?

2. Не треба целите да светкате

Изберете едно металик парче и оставете впечаток со него. На пример, облечете светкав топ и искомбинирајте го со фармерки, панталони или шорцеви. Не нанесувајте премногу шминка, нека биде нежна, незабележлива, за да не изгледате како кукла. Не ставајте накит.

Како да комбинирате металик елементи во вашиот стил?

3. Животински принтови

Мешање животински принтови и металик во едно парче облека е вистински бум во модата. Не комбинирајте ги овие два тренда во посебни парчиња. Изберете здолниште како на сликата, комбинирајте го со бела или црна маичка и не претерувајте со додатоци. Една златеста алка е сосема доволна.

Како да комбинирате металик елементи во вашиот стил?

4. Светкави потпетици

Штиклите се омиленото парче облека на скоро секоја девојка. Ако сакате да носите светкави чевли и притоа да бидете тренди, но да не ја преминете границата, изберете стилски модел на чевли и искомбинирајте ги со обична маичка и фармерки. Тоа е сосема доволно. Минималистичките, а сепак тренди светкави чевли се супер за дневни прилики и за лежерни вечерни излегувања.

Како да комбинирате металик елементи во вашиот стил?

5. Кратки топ маички

Кратките топови се тотален тренд оваа сезона. Искомбинирајте ги со металик шминка. Овој изглед ви овозможува да ги истакнете супер стегнатите стомачни мускули. Но, внимавајте на стајлингот за да не изгледате како да сте од друга планета. Искомбинирајте го краткиот топ со прави пантолони или здолниште со висок струк и косата нека ви биде собрана во опавче.

Како да комбинирате металик елементи во вашиот стил?

6. Металик и кожа

Ова е одличен спој на два апсолутни трендови. Изберете кожно парче облека со металик изглед и спремни сте за излегување. Металик кожно здолниште, јакничка или чанта – изберете. Не претерувајте со модни додатоци и гледајте вашиот целосен изглед да остане модерен.

Како да комбинирате металик елементи во вашиот стил?

7. Металик чанти

После чевлите, жените најмногу ги сакаат чантите. Металик чантите се тотално шик и се погодни за преку ден и за навечер. Можете да изберете златна, сребрена, па дури и златно-розова која е апсолутен хит оваа сезона. Од мала коктел чанта до голема торба – сите опции ви се на располагање во металик варијанта. Многу важно е остатокот од вашиот стајлинг да остане минималистички. Златна чанта оди одлично со дречливи бои (ако се носи правилно), но за да одите на сигурна варијанта, носете ја со обични црни или бели парчиња облека.

Како да комбинирате металик елементи во вашиот стил?

8. Модни додатоци

Имате голем избор. Комбинирајте ситен накит или изберете голема впечатлива алка или парче металик накит за вашиот врат и вашата работа е завршена.

Како да комбинирате металик елементи во вашиот стил?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар