Како да кажете на интервју за работа дека сте добиле отказ?

Како да кажете на интервју за работа дека сте добиле отказ?

Секому му се случува да добие отказ. Тоа е многу непријатно искуство кое по некое време се преболува, но последиците од тој чин може да се почувствуваат и многу подоцна, кога луѓето кои ги спроведуваат интервјуата за работа го поставуваат прашањето „Зошто го напуштивте последното работно место?“ За да се појавите подготвени за ова прашање следете ги следните неколку совети од Џени Фос, експерт од областа на човечките ресурси.

Како да кажете на интервју за работа дека сте добиле отказ?

Помирете се со отказот

Тоа веќе се случило и не можете ништо да промените. Морате да се помирите со отказот пред да преминете на наредните интервјуа за работа. Дајте си време, колку и да ви е потребно, затоа што ако не ги средите емоциите не ќе можете мирно да зборувате за тоа со потенцијалниот работодавач.

Убаво објаснете што се случило

Реченица како: „За жал, бев ослободен од обврските“ е доволна. Ако потоа ве потпрашаат како се случило тоа, можете да дадете објаснување кое ќе биде кратко, јасно и прецизно. Претераното објаснување со повторување на работите ќе остави впечаток како да сакате да го убедите соговорникот во нешто што самите сметате дека не е вистина.

Истакнете што сте научиле од тој отказ

Доколку отказот сте го добиле по ваша вина, признајте го тоа и истакнете што сте научиле од целата работа. Вашите зборови би можеле да изгледаат вака:

„Откако изгубивме важен клиент, делумно и поради моја грешка, поминав многу време во опсервирање на искуствата на нашите клиенти и барав начини како да го задржам интересот на клиентот како врвен приоритет. Сметам дека тоа многу ќе ми помогне во мојата следна работа.“

Без навреди за поранешниот работодавач

Без разлика колку сте биле обесправени од претходниот работодавач кога сте го загубиле работното место, немојте да го навредувате пред потенцијалниот нов работодавач. Тоа ќе остави лош впечаток за вас, а не за поранешниот шеф.

Објаснете како можете да придонесете на новото работно место

На крај, вели Фос, немојте да заборавите да ги истакнете сите позитивни работи со кои можете да придонесете за компанијата која ве интервјуира. Објаснете им дека можете да им го понудите тоа што им треба, без оглед на тоа што ви се случило во минатото.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар