Како да ја зголемите вербата во вашата љубовна врска?

Како да ја зголемите вербата во вашата љубовна врска?

Доколку подолго време сте биле сингл, нормално е дека ќе ви биде тешко да имате верба во вашата врска. Тоа може да е последица од вашите лоши минати искуства и лоша среќа кои ве направиле скептици и сега секоја наредна врска уште веднаш ја осудувате на пропаст. Во врската треба да се чувствувате сигурно и заштитено, но тоа не е лесно да се постигне. Многу луѓе биле изневерени, чувствуваат дека не заслужуваат да бидат среќни или едноставно не знаат како да им веруваат на луѓето. Поентата е да не ја уништите врската додека ја стекнувате таа доверба. Мора да бидете трпеливи и да му верувате на вашиот партнер, но постојат и други работи кои би можеле да ви помогнат.

Како да ја зголемите вербата во вашата врска

Престанете да се споредувате со други парови

Ако трошите премногу време во анализирање на туѓите врски, големи се шансите дека ќе почнете детално да ја анализирате и вашата така што сè почесто ќе наоѓате проблеми таму кај што ги нема. Добро е да се биде реалистичен за работите, но немојте да станете опсесивни.

Престанете да се споредувате со социјалните мрежи

Ова е исто како да се споредувате со други парови, само полошо затоа што се споредувате со филтрирана верзија на другите парови. Нормално е дека тоа ќе направи да се чувствувате за никаде, но мора да запаметите дека социјалните мрежи не секогаш ја претставуваат реалноста. Паровите кои се најактивни на социјалните мрежи се обично тие што се најнесигурни во својата врска.

Заборавете на ситните кавги

Само затоа што памтите сè што некој некогаш кажал или направил, ве изнервирало или разочарало, не значи дека тоа треба постојано да го вадите низ нос. Никој не е совршен! Нормално дека ако се работи за хроничен проблем или некоја голема грешка која навистина ве повредила, треба да размислите дали да ја продолжите врската. Но, ако се работи за ситница, заборавете на неа. Ќе се чувствувате многу посигурни без духовите на секое несогласување кое некогаш сте го имале.

Фокусирајте се на позитивните работи

Ако сте во добра врска, сигурно има многу прекрасни работи кои ја сочинуваат. Во спротивно воопшто не би требало да останете во таа врска. Ако се фокусирате на она што ве прави да се чувствувате заљубени, среќни и интимни, ќе бидете многу посигурни.

Како да ја зголемите вербата во вашата врска

Разговарајте отворено

Некажаните несогласувања и грижи не само што се најлоши, туку се и отровни. Полека ќе ве јадат живи и ќе предизвикаат да ја изгубите довербата во вашата врска. Ако се чувствувате исплашени, лути или разочарани, кажете го тоа! Кажете го веднаш. Ако ги решавате проблемите веднаш штом ќе ги забележите, без сомнение ќе ја зацврстите вашата врска.

Знајте кога треба да прифатите нечиј совет, а кога не

Понекогаш вашите пријатели ви ја „фрлаат“ суровата вистина во лице и треба да ги послушате колку и да ви е тешко да поверувате во нивните зборови. Но, некогаш луѓето не даваат толку добри совети. Понекогаш луѓето се грижат за глупави работи или работи кои вас ништо не ви значат, како на пример тоа дека вашиот партнер не заработува доволно, доаѓа од лошо семејство или едноставно не им е по вкус. Правете разлика помеѓу добрите и лошите совети. Ако почнете премногу да земате предвид сè што ќе ви се каже, само ќе ја зголемите вашата несигурност уште повеќе.

Бидете интимни

Не ја потценувајте моќта на физичкиот допир. 90% од паровите сметаат дека допирите се екстремно важни за изградбата на интимност. А има и зошто. Не само што има многу здравствени придобивки, туку и прави да се чувствувате поблиски и посигурни. Понекогаш на човекот му е потребна физичка манифестација на емотивната поврзаност за да се чувствува сигурно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар