Како да ја зајакнете вашата љубовна врска со љубезност и дарежливост?

Како да ја зајакнете вашата љубовна врска со љубезност и дарежливост?

И претходно сме зборувале за тоа како добрите манири ја јакнат љубовната врска. Овој пат се задржуваме на двете клучни компоненти на секоја успешна врска: љубезноста и дарежливоста. Ова се 15 мали гестови кои загарантирано ќе ја зајакнат вашата врска.

kako-da-ja-zajaknete-vashata-ljubovna-vrska-so-ljubeznost-i-darezhlivost-kafepauza.mk

1. Дозволете му/ѝ да го земе последното парче иако радо би го изеле

Да речеме дека јадете преслатка голема чоколада и дрчни сте да го задоволите вашиот апетит. Дозволете му/ѝ да ја земе последната коцка. На крајот на краиштата, тоа е само една коцка, не ви менува ништо.

2. Подарете или направете нешто без да очекувате нешто за возврат

Подарете или направете нешто искрено и од срце и не преоптоварувајте се со тоа дали треба да добиете нешто за возврат. Не може да градите стабилна љубовна врска мерејќи ги нештата на кантар, колку дадов/направив јас наспроти колку даде/направи ти. Таквиот принцип е навистина измачувачки и штетен.

3. Дозволете му/ѝ да одбере што ќе гледате или каде ќе одите

Иако имате некоја идеја на ум, дозволете му/ѝ да биде по негово/нејзино. Сеедно, што и да одбере, вие ќе бидете заедно а тоа е единственото нешто што е важно. Секако, ни на крај памет да не ви падне подоцна да му го споменете чинот на гледање фудбал од добра волја.

4. Ако живеете заедно, купете храна или средства за хигиена без да го споменете тоа

Вие делите заеднички дом, значаен дел сте од животот на вашиот партнер. Зошто би мереле кој колку купува? Ако фали млеко, купете и во никој случај не спомнувајте го тоа.

5. Направете го во кревет она што вашиот/вашата партнер/ка го сака

Дури и ако не сте баш возбудени поради тоа, сторете го. Којзнае, можеби навистина ќе уживате. Секако, не правете го доколку навистина не сакате или прави да се чувствувате незгодно.

6. Ако испланирал/а заедничка вечер, не планирајте ништо после тоа

Замислете колку е лошо да го гледаш твојот партнер како погледнува во телефонот за да не задоцни негде а вие сте потрошиле време и внимание да го испланирате вашиот состанок.

7. Отидете на ручек кај неговите/нејзините

Бидејќи знаете дека со тоа не само што ќе го/ја израдувате партнерот/ката туку и неговите/нејзините родители.

8. Измасирајте го/ја кога е уморен/на

Дури и без да ве праша. Сторете го тоа.

9. Направете му/ѝ кафе наутро

И без да ви побара, дури и пред да се разбуди.

10. Ако е навистина зафатен/а, пружете помош

Онолку колку што можете. Заминете да испазарите наместо него/неа, измијте му/ѝ ја колата или направете друга услуга.

11. Грижете се за него/неа кога е болен/на

Нема нешто подобро од топла супа и лимон, и секако, чувството на нега.

12. Грижливо покријте го/ја

Онака како што им прават на малите деца. Потоа гушнете го/ја.

13. Дајте му/ѝ комплимент

Настрана од физичкиот изглед. Дајте искрен коментар од срце за некоја негова/нејзина карактеристика или нешто што ни на крај памет не знае дека го прави а вас ви годи и прави да се чувствувате убаво.

14. Изненадете го/ја сосем неочекувано

Во најобичен ден без никаков предзнак. Нека биде мал знак на внимание кој ќе покаже голема љубов.

15. Помогнете на некој негов/нејзин близок

Како родител, роднина или пријател. Знаете дека ќе го цени тоа. Несебично подарете поддршка.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар