Како да ја зајакнете вашата аура и да се заштитите од негативната енергија?

Како да ја зајакнете вашата аура и да се заштитите од негативната енергија?

Често го минуваме животот несвесни за начините на кои самите се повредуваме. Често не земаме предвид многу работи бидејќи живееме во материјална, механичка доба. Една од овие работи е нашата аура. Аурата е центарот на целата енергија што ја нарекуваме наша и постојат многу работи што можат да ѝ наштетат или да ја ослабат.

Како да ја зајакнете вашата аура и да се заштитите од негативната енергија?

Имате ли забележано дека често се чувствувате летаргично, немотивирано и без енергија? Не спиете доволно поради стресот и напорното работење? Иако ова е причина да чувствувате замор, често не ја гледате поголемата слика. Штетата на вашата аура се нанесува секојдневно и се повредувате кога незнајно го ослабувате нејзиното постоење.

Што се случува кога имате слаба аура?

Кога имате ослабена аура, се чувствувате многу уморно и тоа многу често. Немате мотивација да ги завршите обврските, а ова ви предизвикува многу проблеми во професионалниот и личниот живот. Не можете да ги завршите и наједноставните обврски како будењето навреме и одржувањето на вашето здравје. Чувствувате страв и не можете да уживате во животот.

Кои нешта ја ослабуваат аурата?

Причините се многубројни и можат да бидат физички и емоционални.

Физичките причини можат да бидат различни – од алкохол, до нешта што изгледаат безопасно како социјалните мрежи.

1. Го потценувате ефектот на зависноста од социјалните мрежи бидејќи е многу честа. Но запомнете, честа зависност се и цигарите.

2. Неправилниот и недоволниот сон се уште една причина. Вашите тело, ум и дух имаат потреба од соодветен одмор, а кога не си го овозможувате тоа ѝ наштетувате и на вашата аура. Исто така ако постојано сте внатре, не добивате доволно сончева светлина и не сте опкружени со природа, па вашата аура слабее.

3. Големо влијание има и начинот на исхрана и животниот стил. На ова додајте го и недостатокот од физичка активност. Аурата е соочена со траума и кога им дозволувате на другите да ве користат и да ви ја цедат енергијата. Ако има барем една личност во вашиот живот што прави да се чувствувате заморно, ќе си направите голема услуга ако се оддалечите од неа. Навистина е добро да разговарате со луѓето и да им помагате кога треба, но никогаш на сметка на вашето здравје.

4. Стресот е злото на кое не му придаваме големо значење и е една од најголемите причини за ослабена аура. Претераното работење и мотивирањето од резултатите наместо уживање во патувањето е нешто што мора да престане.

Како да ја подобрите состојбата на вашата аура?

За среќа постои начин да ја поправите направената штета и да го живеете вашиот живот на подобар и поздрав начин.

1. Излегувајте на свеж воздух и вежбајте што е можно почесто. Пешачењето ја одржува формата на телото, а новите места и луѓе го прават истото за вашиот ум.

2. Од голема важност е и здравата исхрана. Додајте протеини, јаглехидрати и минерали за да го одржите здравјето на дигестивниот систем.

3. Отстранете ги сите луѓе што се негативни и што прават да се сомневате во себе. Вие сте подобри од тоа и треба постојано да си го кажувате тоа.

4. Почнете да правите вежби со дишење и медитирајте. Не можете да ја разберете предноста од овие нешта сè додека не ги пробате.

Вашата аура е скапоцена. Емпатијата потекнува од неа и не ја чувствуваат само другите луѓе. И вам ви е потребна моќта на чистата аура. Грижете се за вас и за вашето здравје. Бидете здрави и држете се до среќата.

Пробајте ги и овие совети за чистење на вашата аура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар